СОУ „Кочо Рацин“ - Свети Николе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Кочо Рацин
Место
Општина: Свети Николе
Место: Свети Николе
Адреса: ул.„Кочо Рацин“ бр.24
Основни информации
Настава на: македонски
Контакт информации
Портал kocoracinsn.schools.edu.mk

„Кочо Рацин“ — средно училиште во Свети Николе, Општина Свети Николе.

Основање и развој[уреди | уреди извор]

Основано: 25.09.1961 Основач: Народен одбор на општина Свети Николе. Поранешното име на ова училиште е „Јосип Броз Тито“. Насоки: Гимназиска, Замјоделска-Ветеринарна, Машинска и Прехранбена Број на ученици: Варијабилен ; Број на вработени: 102 Корисна површина: 4416 м2 Дворна површина: 9500 м2 Сместено на две локации:гимназиска и стручно. Адреса: ул. „Кочо Рацин“ бр. 24 - 2220 Св. Николе Телефон: ++389(0) 32 443 955 Факс: ++389(0) 32 440 045 E-mail: krsvn@mt.net.mk
ЛИЧНА КАРТА
(Најнови податоци од 50 годишното постоење на училиштето)
Име: Средно општинско училиште „ Кочо Рацин“
Место: Свети Николе
Основано: 25.09.1961 година
Основач: Народен одбор на општина Свети Николе
Насоки: Гимназиска, Земјоделска-Ветеринарна, Машинска
Број на ученици: 736
Број на вработени: 103
Корисна површина: 4416 м²
Дворна површина: 9500 м²
Адреса: ул: „ Кочо Рацин “ бр.24, 2220 Свети Николе
Телефон: ( ++ 389 ) (0) 32 443 – 955
Факс: ( ++ 389 ) (0) 32 440 – 045
Е – mail: krsvn@t-home.mk
За Училиштето
Непобитен факт е дека петдецениското постоење и традиција што ја одржува нашето средно училиште му донесе на регионот континуиран културно - образовен како и економски раст и подем. Следејки ги постојано новонастанатите трендови и општествени промени и збиднувања, нашето училиште успешно се адаптираше и се трансформираше во своето работење, соодветно одговарајки на потребите на времето. Промените што се случија во развојот на локалната и регионалната средина, исто така позитивно се рефлектираа на функцијата на училиштето. Модерната технологија, вклучувањето на новите методи во мелиоративните зафати, како и трансформацијата на сопственоста на земјиштето се сериозна гаранција за перспективното работење на образованите и завршени кадри од нашето училиште. Оттаму и фактот дека соработката со локалната заедница, бизнис секторот, а пред се со органите на Локалната самоуправа би биле врвен приоритет при продуктивното работење на нашата образовна институција. Иако резултатите се придобивка на колективното работење, сепак од одговорниот, професионален и компетентен однос на поединците воглавно зависи реализирањето на целите.
Постојат бројни примери на веќе потврдени личности во сферата на бизнисот, општественото и културното живеење кои произлегле од генерациите на матуранти од овој образовен центар. Стекнувањето на високо квалитетни и долготрајни знаења и вештини, го отвора патот на учениците кон престижните високошколски институции, како и ги става во рангот на вистински конкурентна работна сила на пазарот на трудот.
Затоа во овој аспект велиме дека, СОУ „Кочо Рацин “, во континуитет ја реализира својата МИСИЈА, која подразбира:Втемелување на осознаени лични и колективни искуства, во функција на создавање на квалитетен живот во кој поединецот ќе ги негува и почитува основните животни вредности.
МOTO: Меѓу минатото што длабоко не обврзува и иднината што силно не искушува, на нас, овде и сега чека сегашноста.
ВИЗИЈА:Нашата визија е високореспектабилна воспитно-образовна установа со зајакнат кредибилитет во реонот и пошироко, која ќе претставува расадник на култура, знаење и личен просперитет.
ПРВ НАСТАВНИЧКИ КОЛЕГИУМ

  1. Милков Круме – директор, македонски јазик и литература, руски јазик
  2. Петров Јеленко – историја, латински јазик
  3. Миланов Драган– математика, физика
  4. Главинова Зоица– хемија, биологија
  5. Григоров Сретен– географија
  6. Тодоров Гане– државно уредување на ФНРЈ
  7. Јовановски Русомир– ликовно воспитување
  8. Бицевски Трпе – музичко воспитување
  9. Петров Даце– ОТО
  10. Кушевски Илија– физичко воспитување


НАСТАВНИЧКИ КОЛЕГИУМ 2012


Панев Ристе - директор
Андонова Јелица-педагог
Петкова Емина-психолог
Тасев Горан-социолог

  1. Андроников Ангел-наставник по хемија
  2. Атанасов Ацо-наставник по англиски јазик
  3. Арсенова Даниела-наставник по англиски јазик
  4. Богатинова Марија-наставник по биологија
  5. Велков Дончо-наставник по група предмети од машинската струка
  6. Владева Дејана-наставник по хемија
  7. Голубова Василка-наставник по македонски јазик и литература
  8. Дерменџиев Влатко-наставник по група предмети од земјоделската струка
  9. Димов Тодор-наставник по информатика
  10. Димова Билјана-наставник по математика
  11. Доганџиска Мирјана-наставник по математика
  12. Доневски Димче-наставник по група предмети од ветеринарната струка
  13. Ѓорѓиева Гордана-наставник по македонски јазик и литература
  14. Ефремов Петре-наставник по група предмети од земјоделската струка
  15. Ефремова Бојанка-наставник по спорт и спортски активности
  16. Зафиров Марјан-наставник по физика
  17. Зафирова Маринела-наставник по англиски јазик
  18. Здравковска Сунчица-наставник по филозофија
  19. Јованов Владо-наставник по група предмети од ветеринарната струка
  20. Јованов Тодорче-наставник по група предмети од ветеринарната струка
  21. Јованов Сашо-наставник по група предмети од земјоделската струка
  22. Јованчев Гоце-наставник по група предмети од ветеринарнатата струка
  23. Јованчева Јасмина-наставник по биологија
  24. Кировски Марјан-наставник по музичка уметност
  25. Коцева Весна-наставник по група предмети од земјоделската струка
  26. Крстева - Панева Татјана-наставник по биологија
  27. Лазева- Митева Оливера-наставник по географија
  28. Манев Игор-наставник по група предмети од земјоделската струка
  29. Маркова Ангела-наставник по македонски јазик и литература
  30. Мијалковски Горан-наставник по група предмети од земјоделската струка
  31. Миланова Елена-наставник по македонски јазик и литература
  32. Милановска Вера-наставник по историја
  33. Миленков Ванчо-наставник по група предмети од земјоделската струка
  34. Милошева Жаклина - наставник по информатика
  35. Митрева Зојица-наставник по француски јазик
  36. Митрушов Ивица-наставник по спорт и спортски активности
  37. Митрушов Светлана-наставник по социологија
  38. Начков Богдан-наставник по хемија
  39. Николов Игорче-наставник по група предмети од земјоделската струка
  40. Ордева Тодорка-наставник по математика
  41. Павлов Јордан-наставник по ликовна уметност
  42. Панева Билјана-наставник по социологија
  43. Петрова Благица-наставник по група предмети од земјоделската струка
  44. Пешевски Стојан-наставник по група предмети од земјоделската струка
  45. Радев Трајан-наставник по македонски јазик и литература
  46. Стаменковски Ванчо-наставник по спорт и спортски активности
  47. Стојанова Марина-наставник по латински јазик
  48. Стојановски Зоран-наставник по физика
  49. Стојковска Александра-наставник по економија
  50. Стојчева Даниела-наставник по спорт и спортски активности
  51. Стојчевска Ангела-наставник по англиски јазик
  52. Строиманов Слободан-наставник по историја
  53. Трајкова Соња-наставник по математика
  54. Трајкова Ленче-наставник по англиски јазик
  55. Трајчев Александар-наставник по група предмети од ветеринарната струка
  56. Штериов Коста - наставник по историја


Административно- технички и друг персонал во училиштето
Алексовски Јонче
Велков Ниче
Велкова Соња
Гацовски Благи
Донев Томо
Ѓошевски Марјан
Ефремова Љупка
Јакимов Сашко
Јефремова Андонела
Јовчевски Драги
Јордев Милорад
Јордева Голубинка
Коцев Душко
Лазов Зоран
Митевска Татјана
Нанев Ласте
Наскова Вера
Наумова Марика
Нацева Јагода
Панев Благој
Петкова Марија
Пецов Драги
Радева Лена
Саздов Јонче
Стојковски Сашо
Стојкова Жаклина
Тасева Славјанка
Тодевска–Тричковски Валентина
Тодоровска Снежана

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]


Спортски натпревари
Врвните професионални спортисти во ракомет во нашата земја, произлезени од нашето училиште и град: Гордана Нацева, Кире Лазаров, Благојче Крстев и други, сведочат за активностите и успесите на активот по спорт и спортски активности. Учениците во нашето училиште се вклучени во сите спортски дисциплини: кошарка, одбојка, ракомет, мал фудбал, столни тенис и кросеви.
Секоја година активно земаат учество во најразлични спортски натпревари: општински, зонски и републички натпревари за младинци и младинки. Континуирано учество земаат во патрониот празник на нашето училиште, по чиј повод се организираат спортски натпревари меѓу нашето и други училишта во Република Македонија: Скопје, Куманово, Пробиштип, Крива Паланка, Струмица, Кратово.
Во зимскиот период редовно се одржуваат еднодневни екскурзии каде учениците се вклучени во различни спортски активности ( скијање, планинарење ) и друго. Учениците своите спортски активности ги изведуваат во општинската сала „ Цар Самоил “ во близина на нашето училиште, проект на МОН.
Од основањето на училиштето, па сè до денес број на признанија, награди и благодарници постојано се зголемува, а во последните десетина година се освоени следниве награди и признанија.
2000 година- III место одбојка жени по повод патрониот празник
2002 година- III место кошарка- младинки/ младинци- зонско првенство
2003 година- I место мал фудбал- патронен празник
2003 година- I место кошарка мажи/ жени – Куманово
2003 година- II место младинки- зонски натпревари – Куманово
2003 година- II место- кошарка – Куманово
2006 година- III место мал фудбал во спортски натпревари- Пробиштип

Тракторски натпревари
Заедницата на Земјоделските училишта секоја година организира Републички тракторски натпревар на средните земјоделски, ветеринарни и шумарски училишта во Република Македонија. СОУ „ Кочо Рацин “- Свети Николе е редовен учесник на овој Републички тракторски натпревар. Самото училиште досега беше домаќин на овие натпревари во 1977 и 1987, како и организатор на 40- от Државен натпревар на средните земјоделски училишта, кој е оценет како еден од најдобро организираните натпревари. На натпреварите училиштето секоја година освојува голем број на награди, признанија и е едно од најуспешните во таа област во сите категории: вешто возење и орање -мажи, вешто возење и орање - жени, органско земјоделско производство, распознавање на коски и органи, препознавање на семиња и плевели, аранжирање на цвеќе, анатомија на домашни животни и севкупен победник.
Во 2011 година на 41- от државен тракторски натпревар одржан во Кавадарци, нашите ученици освоија прво место во дисциплината „ аранжирање на цвеќе “ под менторство на предметниот наставник Благица Петрова. За потребите на реализирање на практичната настава за хортикултура е воспоставена соработка со Цвеќара „Жаки“ на која изразуваме благодарност за подготовка и несебична ангажираност за обука на учениците кои учествуваа на натпреварот и освоија прво место.

Освоени награди[уреди | уреди извор]

2012 година-I место на републички натпревар по француски јазик

Познати класови од ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]


Николов Игор предметен наставник по стручни предмети.
Автор на поголем број учебници опфаќајќи ги сите наставни профили:
2007- ,,Органско земјоделско производство,, - учебник за сите наставни струки
2011- ,,Агрохемија“ - техничар за фармерско производство и техничар за хортикултура
2011- „Градинарско производство “ - редовен и изборен предмет за III година- техничар за фармерско производство
2011- „ Градинарско производтсво“- редовен и изборен за IV година- техничар за фармерско производство и уште неколку кои чекаат на објавување.
Игор Николов е надворешен соработник во Центарот за стручно образование и обука и е вклучен во подготовка на повеќе програмски документи, а воедно е вклучен во подготовка на стандардизирани тестови кои се императив на нашиот образовен систем.
За неговите достигнувања сведочат безброј признанија и награди кои годинава се збогатени со најдрагото признание „Просветен работник“ на годината за средни училишта на ниво на РМ доделено по повод 5 октомври - Ден на учителите од страна на Сојузот на здруженија на просветни работници и МОН.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]