Споменик на Лазар Колишевски (Свети Николе)
Изглед
Споменик на Лазар Колишевски (Свети Николе) | |
---|---|
![]() Споменикот во 2022 година | |
Место | Свети Николе |
Тип | Обелиск |
Завршен | 2002 |
Посветен на | Лазар Колишевски |
Споменик на Лазар Колишевски ― споменик во вид на обелиск во Свети Николе во чест на македонскиот комунист Лазар Колишевски кој е родум од Светиниколското село Мездра.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Споменикот се наоѓа во непосредна близина на Плоштадот Илинден кој се наоѓа западно од споменикот.
Историја
[уреди | уреди извор]За време на изградбата, поради што споменикот бил во чест на Лазар Колишевски, некои жители од населбите Бел Камен и Свети Николе 1 се побуниле.[1][2]
Композиција
[уреди | уреди извор]Делото е составено од два столба налик на обелисци, различни во висина. На понискиот источен столб стои релјефна плоча со ликот на Лазар Колишевски. Повисокиот западен столб има плоча на која пишува:
Во спомен на сограѓанинот првоборец и прв претседател на Народната влада на Македонија(,) 15 април 1945
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Споменикот гледан од исток
-
Ликот на Лазар Колишевски
-
Плочата на западниот столб
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Две месни заедници против споменикот на Колишевски“. Дневник. 24 јуни 2002. Архивирано од изворникот 14 октомври 2022. Посетено на 14 октомври 2022.
- ↑ Емил Зафировски (29 јуни 2002). „Споменикот на Колишевски ги раскара светиниколчани“. Дневник. Архивирано од изворникот 14 октомври 2022. Посетено на 14 октомври 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Споменик на Лазар Колишевски (Свети Николе)“ на Ризницата ? |