Градоначалник на Прилеп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Градоначалник на Општина Прилеп
Coat of arms of Prilep Municipality.svg
Функционер
Илија Јованоски

од 2017 г.
НазначувачЕлекторатот од Општина Прилеп
МандатЧетири години

Градоначалникот на Прилеп ја застапува и ја претставува општината. Тој се избира на непосредни и слободни избори на секои четири години.

Надлежности на градоначалникот[уреди | уреди извор]

Градоначалникот на Прилеп ги има следниве надлежности:[1]

  • ја претставува и застапува општината;
  • ја контролира законитоста на прописите на советот;
  • ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;
  • го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;
  • го обезбедува извршувањето на работите кои што со закон и се делегирани на општината;
  • иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
  • го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
  • го извршува буџетот на општината;
  • избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
  • редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
  • решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
  • донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
  • раководи со општинската админстрација;
  • одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
  • обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и
  • врши други работи утврдени со закон и со статутот на општината.

Листа на Градоначалници на Прилеп[уреди | уреди извор]

Општина Прилеп според територијалната поделба од 2004-2013
Општина Прилеп според територијалната поделба од 2013


Име Слика Во служба Избран во Политичка партија
Глигор Иваноски 1996 2000 1996 ВМРО-ДПМНЕ
Сашо Пирганоски 2000 2005 2000 СДСМ
Марјан Ристески Марјан Ристески.jpg 2005 2017 2005
2009
2013
ВМРО-ДПМНЕ
Илија Јованоски 2017 сега 2017 СДСМ

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Надлежности градоначалник“. Општина Прилеп. конс. 2014-06-28.