Прејди на содржината

Марјан Ристески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марјан Ристески
Заменик министер за Економија и труд
На должноста
Стапил/ -а
23 јуни 2024
Претседател Гордана Сиљановска-Давкова
Премиер Христијан Мицкоски
Министер Бесар Дурмиши
Градоначалник на Прилеп
На должноста
2005  2017
Претходник Сашо Пирганоски
Наследник Илија Јованоски
Лични податоци
Роден(а) 20 февруари 1972
Прилеп
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Сопружник Фанка
Професија Дипломиран Економист
Вероисповед Православен

Марјан Ристески (роден на 20 февруари 1972 година во Прилеп) — градоначалник на Општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2005 до 2017 година. Средно образование завршил во гимназијата “Мирче Ацев” во Прилеп. Завршил Економски факултет во Прилеп и се стекнал со статус дипломиран економист. Пред да биде избран за градоначалник 7 години работел како комунален инспектор во Локалната самоуправа на општина Прилеп. Оженет е со сопругата Фанка, и татко на Михаела.

Претходно, седум години беше вработен во Локалната самоуправа, како комунален инспоктор. Учесник е во воениот конфликт, со кој беше зафатена Република Македонија во 2001-та, и е еден преживеаните по трагичниот настан кај месноста „Карпалак”. Член е на ВМРО-ДПМНЕ од 1993 г. Од 2002 г. беше координатор на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, а потоа и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2005 година па до денес е член на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Исто така бил член на Управниот одбор на Регионалната Развојна Агенција – ПРЕДА и член на Заедничкиот Консултативен Комитет ЕУ – Македонија.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]