Василе Димески
Изглед
Василе Димески | |
---|---|
Роден(а) | 1946 Прилеп, Македонија |
Починал(а) | 19 септември 2021 Прилеп |
Националност | Македонец |
Познат(а) по | поезија |
Василе Димески (Прилеп, 1946 – Прилеп, 19 септември 2021) — македонски поет, драмски писател, критичар, есеист. [1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Василе Димески е роден во 1946 година во Прилеп, каде што завршил средно образование, а Филозофски факултет, група Историја на југословенските книжевности завршил во Скопје. Паралелно со студиите работел прво како соработник, а потоа и како уредник на културната страница во весникот „Студентски збор“. Кога се вратил во Прилеп се вработил како професор по македонски јазик во електромашинскиот училиштен центар „Ристе Ристески-Ричко“, каде што го поминал поголемиот дел од работниот век.[1]
Книжевно творештво
[уреди | уреди извор]Василе Димески е автор на поетските книги.[2][1]:
- Бакарни ѕвона, 1982
- Изместена земја, 1999
- Сеопшта песна, 1999
- Тука запира сè, 2001
- Аксиј сè уште тече, 2003
- Градови паѓаат за тебе, 2007
- Немаше град,
- Дрво што оди,
- Не е ноќ дури те памтам,
- Татко мој, татко мој,
- Прикрепи ми ја ракава мајко,
- Седмиот ден,
- Ноќва душава си ја изедов
Ги има објавено и драмските книги[1]:
- Квадратура на кругот,
- Војводата од пусто турско,
- Условен рефлекс,
- Крвавиот ангел“ (со драмите Страданијата за За-Зо Кулибан, Да, Госпоѓо Фирер и Враќањето на За-Зо Кулибан“),
како и книгата полемики
- Мојата пресметка со нив.
Награди
[уреди | уреди извор]- Награда „Державин“, 2017, за стихозбирката „Ноќва душава си ја изедов“
- Награда „3 Ноември“ на Град Прилеп, 2017, за достигнувања во областа на книжевноста.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Почина писателот Василе Димески“. Вечер. Посетено на 25 јули 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Современа македонска поезија. НИД „Микена“ - Битола. 2008. стр. 582. ISBN 978-9989-55-155-0. Укажано повеќе од еден
|pages=
и|page=
(help)