Грб на Канада
| Грб на Канада | |
|---|---|
| Подробно | |
| Усвоен | 21 ноември 1921 |
| Мото | desiderantes meliorem patriam (сакаат подобра земја) |
Кралскиот грб на Канада го прогласил кралот Џорџ V на 21 ноември 1921. Канадскиот грб многу е сличен и изработен по моделот на грбот на Велика Британија, т.с Обединетото Кралство.
Симболи
[уреди | уреди извор]Основниот штит на грбот носи симболи на Англија (три лавови и три леопарди), Шкотска (црвен лав и рамка на жолта позадина), Ирска (златна харфа) и Франција (жолти лалиња на сина позадина), што укажува на историските врски со Велика Британија и Франција. Долниот дел на штитот е карактеристично канадски - три јаворови листови на гранчиња, со црвена (првобитно зелена) боја
Траката околу штитот го носи мотото на Редот на Канада desiderantes meliorem patriam (сакаат подобра земја), затоа што Кралицата е суеверна на тој ред.
Шллемот на штитот е кралскиот шлем во златна боја и боите на Канада.
Лавот над шлемот е кралскиот лав кој го држи симболот на Канада, јаворовиот лист, и како таков се наоѓа на знамето на Генералниот гувернер на Канада, симболизирајќи го неговото крунисување
Држачите на штитот се Англискиот лав и Шкотксиот еднорог, кој ја го држи знамето на Велика Британија и знаме со стари француски симболи.
Долната трака го носи мотото на Канада a mari usque ad mare (од море до море).
Цветните мотиви под штитот и претставуваат националните цветови на Англија, Шкотска, Ирска и Франција
- 1921–1957
- 1957–1994
- 1994
| |||||||||||||||||