Сино знаме со знамето на Боливија во горниот лев агол опколено со мали и една голема златна ѕвезда.
Знамето на Боливија било официјално усвоено во 1851 година. Државното знаме е составено од три хоризонтални единкави полиња во црвена, жолта и зелена боја со националниот грб во средината. Најчесто се тврди дека црвената боја ја претставува храброста на боливиските војници, зелената ја претставува плодноста, додека жолтата ги претставува минералните ресурси на државата.[1]
Според новиот устав на Боливија, Киласују е националниот симбол на Боливија, заедно со химната, знамето, грбот и цвеќињата кантуа и патуху.[2].
Иако Боливија нема излез на море, сепак државата има и знаме на морнарицата кое се користи за бродови кои пловат во езера и реки. Знамето е составено од сина подлога со знамето на државата во горниот лев агол опколено со девет помали жолти петокраки и со една поголема во средината на сината подлога. Деветте ѕвезди ги означуваат департманите на Боливија, додека големата го означува правото на Боливија за излез на море. До 1884 година, Боливија имала излез на Тихи Океан.