Географија на Боливија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Боливија од ЦИА.

Боливија се наоѓа во централниот регион на Јужна Америка. Со своите 1.098.580 километри квадратни, Боливија е 28 најголема држава во светот.[1] Територијата на државата се протега од централните предели на Андите на запад па сè до Амазонија и Гран Чако на исток. Боливија нема излез на море, а копнено се граничи со Бразил на север и исток, со Парагвај и Аргентина на југ, со Чиле на југозапад и со Перу на запад.

Територијата на Боливија е составена од различен вид релјефни формации и климатски карактеристики. Државата има голем степен на биолошка разновидност, кој е еден од најголемите во светот. Покрај тоа, во Боливија има неколку еколошки региони, како што се на пример Алтиплано и Чикитанија. Алтиплано е составен од тропски прашуми и суви долини, а Чикитанија е составена од тропски савани. Разновидноста се забележува во надморската височина на земјата, каде највисокиот врв Невадо Сахама има 6.542 метри, а најниската точка е покрај реката Парагвај и има 70 метри надморска височина.

Географски региони[уреди]

Боливија може да се подели на три географски региони:

  • Анди. Андите се наоѓаат во југозападниот дел од државата и заземаат околу 28% од вкупната површина на Боливија. Овој географски регион има 307.603 километри квадратни и се наоѓа на надморска височина од над 3.000 метри. Андскиот географски регион се наоѓа меѓу два андски планински венци: Кордилјера Оксидентал и Кордилјера Сентрал. Во боливискиот дел на Андите се наоѓаат некои од најголемите врвови во Америка, како што се Невадо Сахама со 6.542 метри и Илјимани со 6.462 метри. Во регионот се наоѓа и езерото Титикака, кое е највисоко езеро на кое има трговска активност.[2] Титикака е најголемо езеро во Јужна Америка,[3][4] и е поделено меѓу Боливија и Перу. Значјна област во регионот е Салар де Ујуни, кое е најголемо суво пронаоѓалиште на сол во светот и значаен извор на литиум.
  • Суп-андски регион. Овој регион се наоѓа во централните и јужнит делови на земјата, кој е всушност преоден регион меѓу Алтоплано и источните рамнини. Регионот зазема 13% од територијата на Боливија и има територија од над 142.815 км². Во регионот се наоѓаат долини и регионот Јунгас.
  • Љанос. Овој регион се наоѓа во североисточниот дел од земјата. Регионот зазема 59% од земјата и има површина од 648.163 км². Љанос се наоѓа северно од Кордилјера Сентрал и се протега од Андите до реката Парагвај. Регионот е претежно низински и има помалку од 400 метри надморска височина.

Граници[уреди]

Боливиски граници
Bolivia physical map mk.svg
држава копнена поморска вкупно
 Аргентина 471 302 773
 Бразил 750 2.673¹ 3.423
 Чиле 830 20 850
 Парагвај 634 57 741
 Перу 513 534² 1.047
Копнена 3.469
Поморска 3.579
Total 6.834
Notes:

1 =Од 2.673 км поморска граница со Бразил, 95 км се езера, а другите реки.
2 =Од 544 км поморска граница со Перу, 150 км се на Титикака, а другите реки.

На север и исток Боливија граничи со Бразил, на исток и југоисток со Парагвај, на југ со Аргентина, на југозапад со Чиле и на запад со Перу. Вкупниот граничен појас на државата е 6.834 километри.


  • Граница со Бразил: Боливиско-бразилската граница е најдолга во државата. Границата започнува во гратчето Болбепра и завршува во Бахија Негре. Главни гранични премини на боливиско-бразилската граница се Бразилеја, Фортин Маноа, Вилја Белја, Серо Куатро Ерманос, Сан Матијас, езерата Ла Гаиба, Мандиоре, Сасерес и пристаништето Гутиерез Гера на реката Парагвај.
  • Граница со Чиле: Сегашната боливиско-чилеанска граница е основана со Договорот за мир и пријателство од 1904 година. Со овој договор Боливија го изгубила департманот Литорал, односно тихоокеанското крајбрежје. Боливиско-чилеанската граница започнува во Висвири и завршува на планината Запалери. Главни премини на оваа граница се Ликанабур, Олјеке и планината Пајачата.
  • Граница со Парагвај: Боливиско-парагвајската граница започнува во Есмералда и завршува во Бахија Негра. Главни гранични премини се на планината Устарес, Палмир де лас Ислас, Ито Човорека и планината Хара.

Хидрографија[уреди]

Реките на Боливија се поделени на три речни басени, кои пак се дел од двата речни слика, атлантски и тихоокеански.

  • Амазонскиот басен, кој исто така се нарекува Северен басен, зазема 66% од територијата на државата или 724.000 километри квадратни. Реките во овој басен имаат големи речни користа и со тоа се создаваат езера, како што е на пример езерот Мурилјо. Главна боливиски притока на реката Амазон е Маморе која е долга 2000 километри. Реката тече во северен правец и се спојува со реката Бени, која е долга 1.113 километри и е втора најважна река во државата. Реките Бени и Маморе се главните боливиски притоки на Амазон. Покрај овие две, како дел од овој басен во државата се и реките Мадре де Диос, Ортон, Абуна, Јата и Гвапоре. Најважни езера во овој басен се Рогагвадо и Рогагва.
  • Централниот басен зазема 13% од територијата на државата и има 145.081 километар квадратен. Овој бвсен го опфаќа Алтиплано, кој има поголем број езера и реки кои не се вливаат во ниту еден океан. Најважна река во овој басен е Десагвадеро која е долга 436 километри и е најдолга река во Алтиплано. Реката извира од езерото Титикака и тече кон езерото Попо. Покрај Титикака и Попо, во овој басен се наоѓа и езерото Којпаса.
Реки и езера во Боливија со надморска височина.
Nevado Sajama
Невадо Сахама
Mamoré River
Маморе
Lake Titicaca
Титикака
надморска височина реки езера
име над. височина
(м)
име должина
(км)
име површина
(км²)
1 Невадо Сахама 6.542 1 Маморе 2.000 1 Титикака 3.790¹
2 Илјампу 6.485 2 Итономас 1.493 2 Попо 2.337
3 Илјимани 6.462 3 Рио Гранде 1.438 3 Којпаса 806
4 Анкоума 6.427 4 Бени 1.130 4 Уајтунас 329
5 Паринакота 6.362 5 Бланко 1.087 5 Рогагвадо 315
Notes:
1 = Титикака има површина од 8.562 км², од кои 3.790 км² се во Боливија.
Извор: Боливиски национален географски институт

Крајбрежје[уреди]

За време на Пацифичката војна, Боливија го загубила своето тихоокеанско крајбрежје, кое го сочинувал департманот Литорал, а денес е дел од северно Чиле. Историски, тврдењата дека крајбрежјето е сè уште нејзино е дел од боливиската државна политика. Според боливиските тврдења, крајбрежјето и морската територија треба да е под боливиска контрола. Според уставот од 2009 година, Боливија има право на овој регион и контролата врз истиот, и цел на државата е да се реши овој проблем по мирен пат.

Уште од основањето на ООН во 1945 година, Боливија побарала од Генералното собрание да го разгледа предлогот за воспоставување боливиска контрола врз поранешниот депатман Литорал. Ова прашање било предложено и во Организација на американските држави. Организацијата во 1979 година усвоила резолуција според која боливискиот проблем е хемисферски.[5]

Во врска со овој проблем биле потпишани следниве договори:

  • Договор за пристап до Тихиот Океан потпишан со Чиле. Според договорот од 4 април 1884, Чиле дава пристап олеснителни околности за пристап на боливиските производи преку Антофагаста и ги ослободува од наплаќање при извоз во пристаништето Арика. Во октомври 1904 година, бил потпишан „Договор за мир и пријателство“ со Чиле, според кој Чиле требало да изгради железничка линија од Арика до Ла Паз
  • Договор за пристап до Тихиот Океан потпишан со Перу. Со овој договор се основала „Специјалната економска зона за Боливија во Ило“. Зоната опфаќа 5 км крајбрежје и има вкупна површина од 358 хектари и се вика „Mar Bolivia“ („Море Боливија“). Боливија има свое пристаниште во близина на Ило, Перу и е во нејзина надлежност[6] за период од 99 години сметајќи од 1992 година. Со истекувањето на периодот, областа треба да се врати под перуанска надлежност.

Клима[уреди]

Климата во Боливија варира од регион до регион, па така во државата има тропска клима во источните висорамнини и поларна клима во западните планински предели. Летата во државата се топли, влажни во истокот и суви во западот. Дождовите често ја одредуваат температурата, влажноста на воздухот и атмосферскиот притисок. Кога во државата ќе се појави климатскиот феномен Ел Нињо[7][8] големи временски промени во државата се случуваат. Во западниот дел од државата зимата е многу ладна, која е проследена со снег. Есента е сува во пределите кои немаат тропска клима.

  • Љанос. Овој регион има влажна и тропска клима со просечна температура од 30°C. Ветровите кои доаѓаат од амазонските прашуми носат врнежи. Од мај врнежите се послаби поради сувите ветрови.
  • Алтиплано. Овој регион е карактеристичен по пустинско-поларната клима, која има силни и ладни ветрови. Просечната температура се движи од 15 до 20 степени. Ноќе, температурите нагло паѓаат и можат да ја достинат нулата. Дење, времето е суво и има голема соларна радиција. Снежните врнежи се зачестена појава во регионот.
  • Долините и Јунгас. Овој регион има умерена клима. Североисточните влажни ветрови се движат кон планините, и со тоа овој регион има поголема влажност и дождливост. Температурите се пониски во повисоките предели, а снег се појавува на најмаку 2.000 метри надморска височина
  • Гран Чако. Овој регион има суптропска, полусува, клима.
Биоклиматски пејзаж на Боливија
Los Yungas La Paz - Bolivia.jpg Desierto Salvador Dalí, Bolivia.jpg Floresta Bolivia.jpg Valle de Samaipata, Santa Cruz, Bolivia.jpg
Тропска прашума
Лос Јунгас, Ла Паз
Пустина
Пустина Дали, Потоси
Широколисна шума
Чекењо, Санта Круз
Долина
Самајпата, Санта Круз
Chapare´s river.jpg Altiplano.jpg Isla del pescado.jpg Laguna Glaciar Bolivia.png
Прашума
Амазонија, Кочабамба
Влажно Алтиплано
Колјао, Ла Паз
Суво Алтиплано
Исла дел Пескадо, Потоси
Андски глечер
глацијално езеро, Ла Паз

Градови[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Градови во Боливија.

Уставно, главен град на Боливија е Сукре, но администрацијата на владата е во Ла Паз. Најголем град во државата е Санта Круз де ла Сиера.

Најголеми градови во Боливија
Проценка за населението за 2007, НИСБ
Ранг Име Департмани Нас. Ранг Име Департмани Нас.
Санта Круз де ла Сиера
Санта Круз де ла Сиера

Ла Паз
Ла Паз

1 Санта Круз де ла Сиера Санта Круз 1,451,597 11 Квилјаколјо Кочабамба 142,724 Ел Алто
Ел Алто

Кочабамба
Кочабамба

2 Ла Паз Ла Паз 877,363 12 Монтеро Санта Круз 91,952
3 Ел Алто Ла Паз 647,350 13 Тринидад Бени 87,977
4 Кочабамба Кочабамба 608,276 14 Рибералта Бени 93,624
5 Сукре Чукисака 280,225 15 Тиквипаја Кочабамба 62,940
6 Оруро Оруро 216,702 16 Ла Гвардија Санта Круз 49,921
7 Тариха Тариха 176,787 17 Варнес Санта Круз 47,406
8 Потоси Потоси 150,647 18 Котока Санта Круз 45,277
9 Сакаба Кочабамба 134,518 19 Гвајармерин Бени 35,767
10 Јакуиба Тариха 95,594 20 Кобиха Пандо 34,498

Биолошка разновидност[уреди]

Боливија е една од државите за кои се смета дека имаат огромна биолошка разновидност[9]. Државата располага со голема разновисност во поглед на растителниот и животински свет, како и во поглед на екосистемите.

Различното ниво на надморска височина ѝ овозможува на земјата да има голема биолошка разновидност. Државата има 4 вида биоми, 32 еколошки региони и 199 екосистеми. На својата територија Боливија има неколку природни парка, како што се Националниот парк Ноел Кемф, Националниот парк Мадиди, Националниот парк Тунари и Националниот резерват за андска фауна Едуардо Авароа.

Биолошката разновидност на Боливија може да се подели на две групи:

  • Растенија. Боливија располага со над 200.000 видови растителни семиња, вклучувајќи над 1.200 видови папрати, 1.500 видови џигерници и мовови и најмалку 800 видови габи. Додатно на тоа, во државата има над 3.000 лековити билки. Боливија се смета за дом на рокото (вид пипер) и лут пипер, кикирики, грав, маниока и неколку видови палми. Исто така, Боливија произведува над 4.000 видови компир.
  • Животни. Боливија е дом на над 2.900 животински видови, вклучувајќи 398 цицачи, над 1.400 видови птици, 204 видови водоземци, 277 водиви влекачи и 635 видови слатководна риба. Дополнително на тоа, во Боливија има над 3.000 видови пеперутки и над 60 видови домашни животни. 70% од познатите видови птици познати во светот можат да се најдат во Боливија и со тоа ја прави шеста држава во светот по разновидноста на птиците[10].
Флора и фауна во Боливија
Ocelot 01.jpg Squirrel monkey3.JPG Flamingos Laguna Colorada.jpg Lama3.jpg
Leopardus pardalis
Оцелот
Saimiri boliviensis
Црнокапест сајмир
Phoenicopterus andinus
Андски фламинго
Lama glama
Лама
Inia boliviensis
Боливиски речен делфин
Heliconia rostrata1.jpg Echinopsis boyuibensis1PCJO.jpg Flordepaineiraabelha.jpg Leaves I IMG 8668.jpg Kantuta Cochabamba Bolivia.jpg
Heliconia rostrata
Хеликонија
Echinopsis boyuibensis
Кактус бојибе
Ceiba speciosa
Тоборочи
Swietenia macrophylla
Широколисна махагонија
Cantua buxifolia
Кантута

Наводи[уреди]

  1. CIA World Factbook. Retrieved from https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/rankorder/2147rank.html.
  2. Drews, Carl (13 септември 2005). „The Highest Lake in the World“. http://www.highestlake.com/highest-lake-world.html. конс. 2 декември 2006. 
  3. Grove, M. J., P. A. Baker, S. L. Cross, C. A. Rigsby and G. O. Seltzer 2003 Application of Strontium Isotopes to Understanding the Hydrology and Paleohydrology of the Altiplano, Bolivia-Peru. Palaeogeography, Palaeoclimatology, Palaeoecology 194:281-297.
  4. Rigsby, C., P. A. Baker and M. S. Aldenderfer 2003 Fluvial History of the Rio Ilave Valley, Peru, and Its Relationship to Climate and Human History. Palaeogeography, Palaeoclimatology, Palaeoecology 194:165-185.
  5. Bolivia, OAS Website
  6. Satellite view in Wikimapia of Bolivia Mar, near the Peruvian town of Ilo
  7. Fortalecimiento de las Capacidades locales para enfrentar El Fenómeno del Niño en Perú y Bolivia
  8. Deja 56 muertos "El Niño" en Bolivia
  9. http://www.la-razon.com/version.php?ArticleId=130754&EditionId=2535
  10. http://www.bolivia.com/noticias/Autonoticias/DetalleNoticia40938.asp

Поврзано[уреди]

Портал „Боливија