Знаме на Питкерн
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |


Знамето на Питкерн е усвоено на 2 април 1984. Тоа е т.н. „син павилјон“, со британското знаме во кантонот (т.е. горниот лев агол) и грбот на Питкерн на десната половина.
На знамето стојат котвата и Библијата од бродот „Баунти“ со изданок од миро (локално растение) и рачна количка. Овој дезен ја симболизира историјата на предците на островјаните, од кои најголемиот дел се директни потомци на морнарите кои се побунтувале на бродот „Баунти“ во 1789 г.
Гувернерот на Питкерн има посебно знаме, кое е британското знаме, но со грбот на Питкерн во круг во средината.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||
| ||||||||||||||||
| ||||||||||||||