Прејди на содржината

Грб на Питкерн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грбот на Питкерн

Грбот на Питкерн е усвоен на 4 ноември 1969 г.

На грбот стои штит на кој е прикажана котва и Библија од бродот „Баунти“. Ова ја симболизира историјата на предците на островјаните, од кои најголемиот дел се директни потомци на морнарите кои се побунтувале на бродот „Баунти“ во 1789 г. Штитот е со зелено-син дезен што го симболизира островот кој се издига од океанот. Шлемот и челенката се расцветан изданок на растението миро и питкернската рачна количка.[1][2]

Грбот се јавува и на знамето на Питкерн, како и на знамето на гувернерот на Питкерн.

  1. „Pitcairn Islands flag“. The World Factbook. Central Intelligence Agency. Посетено на 5 May 2022.
  2. „Flags, Symbols & Currency Of Pitcairn“. WorldAtlas. Посетено на 5 May 2022.

Поврзано

[уреди | уреди извор]