Прејди на содржината

Грб на Кирибати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Кирибати
Подробно
Усвоен1979, предложен 1 мај 1937
МотоTe Mauri Te Raoi Ao Te Tabomoa

Грбот на Кирибати е официјалниот грб на оваа океанска држава. Грбот бил воведен како официјален по независноста на државата во 1979 година, а бил предложен за грб на државата на 1 мај 1937 година.

Грбот е составен од црвен штит каде во горниот дел има златна фрегата во лет. Под фрегатата има златно сонце во изгрев кое има 17 краци што ги претставуваат 16 Гилбертски Острови и островот Банаба. Под сонцето има приказ на Тихиот Океан во сина боја со три бели бранови кои ги претставуваат Гилбертските Острови, Феничките Острови и Линијските Острови. Под штитот се наоѓа златна лента со националното гесло на кирибатски Te Mauri Te Raoi Ao Te Tabomoa или на македонски „Здравје, мир и просперитет“. Знамето на Кирибати е исто со грбот по дизајн.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]