Грб на Токелау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грбот на Токелау

Територијалниот парламент на Токелау (Генералното фоно) го усвоило ликовното решение за грбот на Токелау во мај 2008 г.

Грбот (поточно, амблем) се состои од рибарска кутија („тулума“) со крст, кој го симболизира христијанството како значаен дел од секојдневниот живот во земјата. Под кутијата на ролна стојат зборовите Tokelau mo te tua („Токелау за Севишниот“)[1].

Историја и знаме[уреди | уреди извор]

Пред 2008 г., во Токелу се користеле грбот и знамето на Нов Зеланд.

Новото знаме на Токелау било усвено на истата седница.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Знаме и национален симбол на Токелау“. Министерство за надворешни работи и трговија на Нов Зеланд. 2 октомври 2009. Архивирано од изворникот на 2014-07-27. Посетено на 12 септември 2010. (англиски)