Грб на Тувалу
Изглед
| Грб на Тувалу | |
|---|---|
| Подробно | |
| Штит | златен штит со осум школки, осум листа од банана и штит со приказ на колиба и море. |
| Држачи | нема |
| Мото | Tuvalu mo te Atua |
Грбот на Тувалу е официјалниот грб на оваа океанска држава. Грбот бил воведен како официјален по независноста на државата од Обединетото Кралство.
Опис
[уреди | уреди извор]Грбот е составен од златен штит покрај чии рабови се наредени осум школки и осум листови од банана. Во внатрешноста има уште еден помал штит на кој има приказ на златна колиба поставена на зелена подлога и под нив има златни пет бранови и сино море. Под штитот се наоѓа златна лента со натпис на тувалски Tuvalu mo te Atua, што во превод значи „Тувалу за семоќниот“.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||