Знаме на Туркменистан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
FIAV 111000.svg Знамето на Туркменистан со сооднос од 2:3

Знамето на Туркменистан (туркменски: Türkmenistanyň baýdagy) е национално знаме на државата од 24 јануари 2001.

Знамето е зелено со вертикална лента од страна на знамето на кој се претставени пет шари од тепих подржани од гранки од маслинка. До лентата се наоѓа бела полумесечина и над неа се наоѓаат пет бели петокраки.

Зелената и црвената боја се сметаат за историски за Туркменците. Белата полумесечина значи надеж на народот за подобра иднина додека ѕвездите ги означуваат петте покраини на Туркменистан.

Петте шари од тепихот го симболизираат петте најголеми туркменски племиња. Венецот од маслинка означува неутралност на земјата, но хералдички и естетски не се прифатливи за знамето.

Историски знамиња на Туркменистан[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]