Знаме на Монголија
| Употреба | државно, воено и пловно знаме |
|---|---|
| Сразмер | 1:2 |
| Усвоено | 12 февруари 1992 |
| Опис | три вертикални ленти во црвена, сина и црвена боја со златни Сојомбо симболи |
Знамето на Монголија било усвоено на 12 февруари 1992. Денешното знаме е слично со знамето од 1949, а разликата е во тоа што отстранета е петокраката. Знамето е составено од три еднакви вертикални полиња, во црвена, сина и црвена боја. На левото црвено поле има Сојомбо симбол[1]- односно наредени геометриски фигури што претставуваат оган, месечина, земја, вода и знакот јин-јанг.
Историски знамиња
[уреди | уреди извор]Пред 1992, знамето на Монголска Народна Република имало жолта ѕвезда над Сојомбо симболот, симболизирајќи го социјализмот. Исто така, синото поле било посветло.
Знаме на Монголска Народна Република (1921-1924).
Знаме на Монголска Народна Република (1924-1940)
Знаме на Монголска Народна Република (1949-1992)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Montsame News Agency. Mongolia. 2006, ISBN 9992906278, p. 8
Поврзано
[уреди | уреди извор]| Оваа статија за Монголија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||||||||||