Грбот на Монголија (монголски Монгол улсын төрийн сүлд, Mongol ulsyn töriin süld) бил усвоен во 1992 година со распаѓањето на комунистичкиот систем во државата.[1] Околу грбот има прстен што ја симболизира вечноста а внатрешноста е сина и го симболизира небото. Во ценмтарот има симбол изработен од комбинација на сојомбо знакот и јавач и ја симболизира монголската нзависност и дух. Над симболот има три камења, што во монголската традиција овозможува остварување на желби и ги симболизира минатото, сегашноста и иднината. Под симолот има планински венец со колце на судбината. На дното се наоѓа церемонијална марама.[2]
↑„Chapter 1, Article 12(2)“, Constitution of Mongolia, Ministry of Foreign Affairs and Trade, Mongolia, Архивирано од изворникот на July 22, 2011, Посетено на October 10, 2010