Прејди на содржината

Грб на Таџикистан

Од Википедија — слободната енциклопедија

Грбот на Таџикистан е официјалниот грб на државата кој е направен како изменета верзија од поранешниот грб на Таџикистан кога бил во склоп на СССР.[1] Круната која е претставена во грбот е истата круна која е претставена на знамето на Таџикистан, која пак се однесува на персискиот збор ’таџ’ што значи круна според кое се верува дека потекнува името на државата и народот. Покрај тоа, претставена е книга и планината Памир кои се опколени од памук од едната страна и жито од другата. Во периодот од 1992 до 1993 Таџикистан имал друг грб која бил набрзо сменет од страна на Емомали Рахмон.

  1. Borjian, Habib (December 15, 1999). „FLAGS iii. of Tajikistan“. Encyclopædia Iranica. Архивирано од изворникот November 17, 2012. Посетено на February 4, 2013.

Поврзано

[уреди | уреди извор]