Грб на Макао

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грбот на Макао

Грбот на Макао е во употреба од 20 декември 1999 година по предавањето на власт на Кина од Португалија. Се состои од лотосов цвет во средината под којшто се наоѓа стилизиран мост и река со бела вода. Над лотосовиот цвет се наоѓаат пет жолти ѕвезди. Околу грбот е испишан називот Macau на португалски и на кинески јазик.

Поврзано[уреди | уреди извор]