Грб на Катар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Грбот на Катар е официјалниот грб на државата. Грбот се состои од две прекрстени сабји во жолт круг. Помеѓу сабјите има брод кој плови во сини и бели бранови покрај остров со две палми. Кругот е опколен со друг круг поделен на два хоризонтални дела, каде на белиот дел е напишано името на државата на арапски јазик. Овој грб бил усвоен во 1976 година. Елементите на грбот се присутни и во други арапски грбови.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]