Грб на Киргистан

Од Википедија — слободната енциклопедија

Грбот на Киргистан е националниот и официјалниот грб на државата кој е усвоен на 2 јуни 1992 година. Грбот има округла форма во која преовладува сината боја. Светлосината боја кај Киргизите означува боја на храброста и учтивоста. На десно и лево од грбот се наоѓаат жито и памук. На горниот дел од грбот се наоѓа името на државата, во средината е планината Тјеншан, позади планината се наоѓа сонце и во долниот дел има приказ на птица која се чини го држи целиот пејзаж на крилјата.

Поврзано[уреди | уреди извор]