Прејди на содржината

Грб на Мјанмар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Мјанмар
Подробно
ГрбоносецВлада на Република Унија Мјанмар
Усвоенусвоен во 2008 кога се направиле измени врз старата верзија на грбот.
Претходни варијанти
Употребаофицијален грб на Република Унија Мјанмар.

Грбот на Мјанмар е официјалниот грб на државата кој се користи на секое државно ниво. Денешниот мјанмарски грб е усвоен во 2008 година, што е всушност модификација на претходниот мјанмарски грб.

Грбот на Мјанмар е составен од два митски лава наречени шинтеи кои еден спроти друг, но свртени со грбовите. Лавовите се држачи на централниот мотив на грвот, односно венец од две маслинови гранчиња каде во средината се наоѓа картата на Мјанмар. Лавовите и централниот мотив се поставени на лента со мјанмарски натпис „Унија Мјанмар“. Над лавовите се наоѓа традиционален цветен орнамент и на врвот се наоѓа петокрака. Сите елементи се во златна боја поставени на црвена основа. [1]

Поранешни грбови

[уреди | уреди извор]
  1. Член 13, Устав на Република Унија Мјанмар од 2008 година.

Поврзано

[уреди | уреди извор]