Знаме на Бутан

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знаме на Бутан
}}
Сразмер 2:3
Усвоено 1960
Опис Змеј на жолта и портокалова позадина.

Националното знаме на Бутан се состои од бел змеј на жолта и портокалова површина. Знамето е поделено дијагонално од гониот десен кон долниот лев агол составувајќи два триаголника. Горниот триаголник е жолт а додека долниот е портокалов. Змејот се наоѓа во центарот и се протега праволиниски со поделбата на позадината.

Ова знаме со некои модификации се користело уште од 19 век. Моменталното знаме се користи од 1960.

Змејот што е претставен на знамето е Друк или „Громовит Змеј“ што го претставува локалното име на Бутан, Земја на Змејот. Змејот има скапоцени камења во рацете што претставува богатство. Жолтата позадина ја претставува секуларната монархија во земјата, а додека портокаловата го претставува будизмот.

Ова знаме е едно од ретките што имаат портокалова боја и едно од двете национални знамиња што имаат змеј, другото е знамето на Велс.


Историски знамиња[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]