Знаме на Јордан

Знаме на Јордан во сооднос од 1:2Знамето на Јордан е националното знаме на државата и е засновано на арапскиот револт против Отоманското Царство за време на Првата светска војна.[1] Знамето се состои од три хоризонтални ленти во црна, бела и зелена боја кои се поврзани со црвен триаголник. Боите ги претставуваат калифатите Абасид, Умајад и Фатимид. Црвената боја ја претставува Хашемидската династија и арапскиот револт. Ѕвездата која се наоѓа во црвениот триаголник има седум краци и ги означува првите седум линии од Куранот и единството на арапскиот народ.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Кралско знаме.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Flag of Jordan“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 21 April 2019.
| ||||||||||||||||||