Прејди на содржината

Бухара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Историски центар Бухара
светско наследство на УНЕСКО
По-и-Калан џамија
КритериумКултурен: (ii) (iv) (vi)
Навод602
Запис1993 (XVII заседание)

Бухара (на узбечки: Бухoрo, Buxoro ; на руски: Бухара ; на [Buhara] Error: {{Langx}}: text has italic markup (help) ; на персиски: بُخارا) од согдиското βuxārak ("среќно место"), е град во Узбекистан, кој се наоѓа во централниот југ на земјата и е главен град на покраината Бухара (Бухоро Вилојати). Градот е петти по големина во Узбекистан со население од 263,400 (според пописот во 2009). Регионот околу Бухара бил населен најмалку пет милениуми а градот постоел половина од тој период. Сместен на патот на свилата, градот долго време бил центар на трговијата, образовен, културен и верски центар. Историскиот центар на Бухара, кој има бројни џамии и медреси е дел од светското наследство на УНЕСКО. Во Букара живее узбекистанското население каде најбројни се Таџиците но во градот долго време се мешале народи и култури така што во него живеат и Евреи и други етнички малцинства.

Имињата на градот

[уреди | уреди извор]

Градот бил познат како Бохара во 19 и раниот 20 век а воедно и како Бухе/Пухе (捕喝)на Танг кинески.[1]

Согдијанците се населиле во регионот а неколку века подоцна го прифатиле како доминантен Персискиот јазик. Енциклопедија „Ираника“ споменува дека името Бухара веројатно дошло од согдиското βuxārak (Место на богатството).[2]

Мухамед ибн Џафар Наршахи во неговата Историја на Бухара (напишана 943-44 CE) споменува:

Бухара има многу имиња. Едно од неговите имиња било Нумиџкат. Исто се нарекувала и "Бумискат". Таа има 2 арапски имиња. Едното е "Мадинат Ал Суфрија" што значи- "Бакарен град" а другото е "Мадинат Ал Туџар" што значи - "Град на трговците". Но од сите негови имиња, најпознато е името Бухара. Во Хорасан, не постои друг град со толку многу имиња [3]


Историја

[уреди | уреди извор]
Комплексот Пои Калон (12-14 век)

Во срцето на Патот на свилата и на персиското кралство, Бухара и Самарканд биле приклучени на Советската Социјалистичка Република Узбекистан во времето на Сталин.

Оазата на Бухара, активна уште во антиката, уште многу одамна го привлекла вниманието на соседните држави: уште во 6 век п.н.е., ја освоиле кралевите на Персија меѓу кои подоцна и Дариј; потоа во 329 п.н.е. после инвазијата на Иран од страна на Александар Македонски, територијата на Согдијана, во чиј состав била Бухара, останала под македонска власт сè до 2 век п.н.е. Меѓу крајот на 1 век п.н.е. и средината на 4 век, Бухара била дел од кралството Кушан. На почетокот на тој период почнала да се воспоставува трговијата со народите од Запад и оние од Исток. Во 5 век, Бухара била дел од државата на Хефталитите (’’Белите Хуни’’)[4].

Бухара била заземена во 710 од арапско-исламските трупи за време на калифатот на Омејадите. Набрзо потоа, владетелот на престолот на Бухара, Тугчада (710-739), го прифатил исламот. Градот кој станал голем културен центар тогаш бил дел од покраината Хорасан, чиј главен град бил Мерв[4].

Во тоа време, градот заземал површина од околу 30 до 35 хектари.

Во 9 век градот станал престолнина на персиската династија Саманиди (875-999) во кое време се изменил, со 11 влезни порти а населението битно се зголемило. Биле подигнати многу мавзолеи и споменици меѓу кои и мавзолејот на Саманидите[4].

Научници, поети, писатели живееле во Бухара во 10 век: големиот лекар и филозоф Авицена (Абу Али Ибн Сина), е роден во близина (980-1037), поетот Рудаки[4] и научникот Ал-Бурини (математичар, физичар, астроном, историчар, etc.), роден близу до Хива (973-1048). Бухара била дом и на Ал Бухари (810-870), значаен собирач на хадити (зборови кои му се припишуваат на Мухамед).

Во 999, градот бил освоен од Караханидите. Во тој период биле изградени спомениците кои постојат и денес: минарето на Арслан-Хана (Калијанско минаре), Магоки-Атари џамијата, Намезгохската џамија, Чачма-Ајубскиот мавзолеј (изворот на Јов)[4].

Џингис Кан го зазел градот во 1220. Градот станал дел од династијата Тимуриди во 1370[5]. Градот изгубил политичко значење на сметка на Самарканд но во 1506, династијата Шајбаниди ја освоила Бухара и во втората половина на 16 век Абдула Кан го направил градот повторно центар на политичката моќ на Бухарското ханство[4].

Бухарското ханство (1599-1920), било едно од трите узбечки ханства заедно со она на Хива и на Коканд.

Од 1599 владеела династијата на Астраханидите која набрзо пропаднала поради внатрешни расколи а потоа, во 1740, персискиот крал Надир Шах го освоил Бухарското ханство и за гувернер го поставил Мухамед Рахим Хан кој себеси се прогласил за емир и основал нова династија – Мангитската династија (1753-1920)[4]. Бухара станала руски протекторат во 1868 пред целосно да ја изгуби својата независност откако градот бил заземен од страна на Црвената армија на 2 септември 1920.

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
Калијан (Големото минаре)
Симург на порталот на Надир Диван-Беги медраса (дел од комплексот Лаб-и Хауз)

140 споменици ставени под заштита на УНЕСКО сведочат за културното значење на градот Бухара низ вековите кој бил еден од позначајните културни, политички и верски центри во Средна Азија. Некои од позначајните негови знаменитости се следниве:

Пои Калан

[уреди | уреди извор]

Пои Калан (پای کلان значи "Голема градба"), е дел од архитектонскиот комплекс кој се наоѓа под големото минаре Калан.

  • Калијанско минаре поточно, Минара-и-Калан, (на персиски "Големо минаре") високо 45,6 метри и широко на подножјето 9 метри а погоре 6. Познато е и како Кула на смртта, бидејќи со векови криминалците биле погубувани со тоа што ги фрлале од неговиот врв.
  • Калан џамија (Масџид-и-Калан), завршена во 1514, по големина еднаква со Биби-Ханим џамијата во Самарканд. Иако се ист тип на градба, тие се разликуваат според уметноста на изградба.
  • Медресата Мир-и Араб. Малку се знае за оваа градба иако истата му се припишува на шеикот Абдула Јамани од Јемен, духовен ментор на првите Шејбаниди.

Мавзолејот Исмаил Самани

[уреди | уреди извор]

Исмаил Самани мавзолејот (9-10 век), е едно од најценетите места во архитектурата на Средна Азија бил изграден во 9 век (892-943) како гробница на Исмаил Самани – основачот на Саманидската династија, последната Персија персиска династија која владеела во Средна Азија и под чија власт бил градот во 9-10 век.

Мавзолејот Чешма-Ајуб

[уреди | уреди извор]

Чешма-Ајуб се наоѓа блиску до Саманидскиот мавзолеј. Неговото име на персиски значи Изворот на Јов поради легендата според која Јов (Ајуб) го посетил ова место и донел извор вода. Водата од овој бунар сè уште е чиста и се смета за лековита. Градбата со конусни куполи била изградена за време на власта на Тимур.

Лаб-и Хауз

[уреди | уреди извор]

Лаб-и Хауз (Персиски: لب حوض, значи до вирот). До советскиот период имало многу такви вирови, кои биле главен извор на вода но биле познати по тоа дека шират болести и повеќето од нив биле исушени во тек на 1920 и 1930. Лаб-и Хауз преживеал бидејќи бил центар на величествен архитектонски комплекс создаден во тек на 16 и 17 век и од тогаш не бил значително изменет [6]

Арк, Бухарска тврдина

[уреди | уреди извор]

Арк е голема тврдина во Бухара која првенствено била изградена околу 5 век која се користела како воена тврдина сè до советскиот период. Денес, остатоците на тврдината се туристичка атракција и во неа има музеи посветени на нејзината историја.

Арк во Бухара.

Бухара во литературата

[уреди | уреди извор]

Градот бил опејан низ историјата од повеќе поети а за него Руми го напишал следново:

آن بخارا معدن دانش بود
"Бухара е рудник на знаењето,
پس بخاراییست هرک آنش بود
Од Бухара е оној кој поседува знаење."

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Дополнителна литература

[уреди | уреди извор]
  • Вилјам Муркрофт и Џорџ Требек. 1841. Патувања во хималајските покраини на Хундистан и Пенџаб; во лаках и Кашмир, во пешавар, Кабул, Кундуз, и Бохара... од 1819 до 1825, Vol. II. Reprint: New Delhi, Sagar Publications, 1971.
  1. "UMID" Foundation, Uzbekistan. „General Info“. Архивирано од изворникот на 2001-01-26. Посетено на 2007-10-04.
  2. Richard N Frye, 'Bukhara i. In pre-Islamic times' Архивирано на 2 јануари 2009 г., Енциклопедија „Ираника“, 512.
  3. Narshaki,Richard Nelson Fyre, The History of Bukhara, Pg 27
  4. 1 2 3 4 5 6 7 Youri Goldenchtein, Sylvia Melkoyan, Samarcande, Boukhara, Chakhrisiabz, Khiva, éd. ACR éditions, 1995, ISBN 2-86770-074-4
  5. Улуг Бег зимата 1420-1421 во Бухара примил делегација од Тибет, но нема детални податоци кое било значењето на таквата средба
  6. Dmitriy Page, Pagetour.narod.ru. „Kukeldash Madrasah“. Посетено на 2007-10-04.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


Предлошка:Градови во Узбекистан

39°46′N 64°26′E / 39.767°N 64.433°E / 39.767; 64.433