Башкортостан
Башҡортостан Республикаһы Республика Башкортостан Република Башкортостан
| |||||
---|---|---|---|---|---|
![]() | |||||
Држава: | Русија | ||||
Федерален округ: | Приволшки | ||||
Површина: | 142.900 км2 | ||||
Население: | 4.063.409 (1 јануари 2006.) | ||||
Главен град: | Уфа | ||||
Густина на население: | 28 жит./км2 |



Башкортостан (башкирски: Башҡортостан; руски: Башкортостан; татарски: Башкортостан) — автономна република во составот на Руската Федерација.
Географија[уреди | уреди извор]
Башкортостан е сместен во делот од Јужен Урал.
- Површина: 143.600 км2.
- Граници: Пермски крај (север), Свердловска област (североисток), Чељабинска област (североисток/исток/југоисток), Оренбуршка област (југоисток/југ/југозапад), Татарстан (запад), и Удмуртија (северозапад).
- Највисока точка: Јамантау (1.638 м).
- Mаксимално Север->Југ растојание: 550 км.
- Maксимално Исток->Запад растојание: преку 430 км.
Часовен појас[уреди | уреди извор]
Башкортостан е сместен во Екатеринбуршката часовен појас (YEKT/YEKST). UTC разлика од +0500 (YEKT)/+0600 (YEKST).
Реки[уреди | уреди извор]
Постојат преку 13.000 реки во оваа република. Од кои најголеми се:
- Белаја (1,430 км)
- Уфа (918 км)
- Сакмара (760 км)
- Ик (571 км)
- Дјома (556 км)
- Ај (549 км)
- Јурузан (404 км)
- Бистар Тануп (345 км)
- Сим (239 км)
- Нугуш (235 км)
- Таналик (225 км)
- Ѕилим (215 км)
- Сјун (209 км)
Езера[уреди | уреди извор]
Постојат преку 2.700 езера и резервоари. Најголеми се:
- Асиликул (23,5 км2)
- Кандрикул (15,6 км2)
- ургун (12,0 км2)
- Павловски Резервоар (120,0 км2)
- Нугушкојски Резервоар (25,2 км2)
Планини[уреди | уреди извор]
Башлортостан содржи делови од јужниот Урал и други планини, од кои најголеми се:
- Јамантау (1.638 м)
- Голем Иремел (1.582 м)
- Мал Иремел (1.449 м)
- Арвјакрјаз (1.068 м)
- Зилмердак (909 м)
- Алатав (845 м)
- Јурматав (842 м)
Природни богатства[уреди | уреди извор]
Башкортостан е најбогатата земја во Русија со минерали. Најмногу има наоѓалишта на: нафта, природен гас, јаглен, од металите има на манган, хром, од неметалите има на (кристали, флуорит, сулфур пирит, барит, силикат, азбест, а од природните камења се (малахит, жад, гранит).
Башкортостан е исто така богата со извори на минерална вода, лековита, и вода за пиење.
Клима[уреди | уреди извор]
- Просечна годишна темперутура: 0.3 °C (планини) to 2.8 °C (низина)
- Просечна јануарска температура: -16 °C
- Просечна јулска температура: +18 °C
Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на денешниот Башкортостан некогаш била т.н. „Велика Хунгарија“ (-{Magna Hungaria}-), татковина на денешниот унгарски народ. Исламот продрел меѓу нив во X век и до XIV век станал доминантна религија. Џингис Кан околу 1220 година завладеал со Башкортостан. Под монголско владеење Башкирите биле до средината на XVI век, кога нивните племенски поглавици доброволно се приклучиле кон царството на Иван Грозни. Губернија во Уфа е основана 1865 година додека Автономната Башкирска советска република настанала во 1919 година. На 25 февруари 1992 година територијата го добила сегашното име: Република Башкортостан.
Население[уреди | уреди извор]
- Население: 4.104.336 (2002)
- Урбано: 2.626.613 (70,8%)
- Рурално: 1.477.723 (29,2%)
- Maжи: 1.923.233 (46,9%)
- Жени: 2.181.103 (53,1%)
- Жени на 1000 мажи: 1.134
- Просечна старост: 35,6 г
- Урбано: 35,2 г
- Рурално: 36,4 г
- Maжи: 33,4 г
- Жени: 37,7 г
- Домаќинства: 1.429.004 (со 1.066.649 жит.)
- Урбани: 931.417 (со 2.592.909 жит.)
- Рурални: 497.587 (со 1.473.740 жит.)
- Наталитет (2005)
- Раѓања: 44.094 (10,8)
- Умирања: 57.787 (14,2)
- Етнички групи
Според последниот руски попис од 2002, во Башкортостан најмногу живеат Руси и Башкири. Следува табела на пописите од 1926, па до последниот:
попис 1926 | попис 1939 | попис 1959 | попис 1970 | попис 1979 | попис 1989 | попис 2002 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Башкири | 625,845 (23.5%) | 671,188 (21.2%) | 737,744 (22.1%) | 892,248 (23.4%) | 935,880 (24.3%) | 863,808 (21.9%) | 1,221,302 (29.8%) |
Руси | 1,064,707 (39.9%) | 1,281,347 (40.6%) | 1,418,147 (42.4%) | 1,546,304 (40.5%) | 1,547,893 (40.3%) | 1,548,291 (39.3%) | 1,490,715 (36.3%) |
Татари | 621,158 (23.3%) | 777,230 (24.6%) | 768,566 (23.0%) | 944,505 (24.7%) | 940,436 (24.5%) | 1,120,702 (28.4%) | 990,702 (24.1%) |
Чуваши | 84,886 (3.2%) | 106,892 (3.4%) | 109,970 (3.3%) | 126,638 (3.3%) | 122,344 (3.2%) | 118,509 (3.0%) | 117,317 (2.9%) |
Мари | 79,298 (3.0%) | 90,163 (2.9%) | 93,902 (2.8%) | 109,638 (2.9%) | 106,793 (2.8%) | 105,768 (2.7%) | 105,829 (2.6%) |
Украинци | 76,710 (2.9%) | 99,289 (3.1%) | 83,594 (2.5%) | 76,005 (2.0%) | 75,571 (2.0%) | 74,990 (1.9%) | 55,249 (1.3%) |
други | 113,232 (4.2%) | 132,860 (4.2%) | 129,686 (3.9%) | 122,737 (3.2%) | 115,363 (3.0%) | 111,045 (2.8%) | 123,222 (3.0%) |
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Башкортостан“ на Ризницата ? |
|