Барит

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Барит

Кристали на барит на доломит од Камбрија, Англија (димензии: 5,4 × 4,6 см)
Општо
Категорија сулфатен минерал, баритна група
Хемиска формула BaSO4
Штрунцова класификација 07.AD.35
Данина класификација 28.03.01.01
Кристална симетрија праворомбична (2/m 2/m 2/m) двопирамидална
Единична ќелија a = 8,884(2) Å, b = 5,457(3) Å, c = 7,157(2) Å; A = 4
Распознавање
Боја безбоен, бел, светлосини тонови, жолт, сив, кафеав
Хабитус табуларно паралелен до основата, влакнест, јазлест до масивен
Кристален систем праворомбичен
Цепливост совршен спој до основата и страните на призмата: {001} совршен, {210} совршен, {010} несовршен
Прелом неправилен/нерамен
Жилавост кршлив
Цврстина на Мосовата скала 3-3,5
Сјај стаклест, бисерен
Трага бела
Проѕирност проѕирен до непроѕирен
Специфична тежина 4,3–5
Густина 4,48 гр/см3[1]
Оптички својства двооскен позитивен
Показател на прекршување nα = 1,634–1,637
nβ = 1,636–1,638
nγ = 1,646–1,648
Двојно прекршување 0,012
Споивост 4, жолтозелен „бариумски пламен“
Препознатливи одлики бела боја, голема специф. тежина, карактеристична цепна линија и кристали
Растворливост слаба
Наводи [2][3][4][5]

Баритот е минерал со слична орторомбична структура и слични хемиски својства. А(SO4) е формула каде што А може да биде олово или стронциум. Градбта на овие минерали е слична и истите формираат слични кристални форми.

Членови на баритната гупа на минерали се:

  • Барит (BaSO4, бариум сулфат)
  • Хашемит (BaSO4 BaCrO4, бариум хромат сулфат)
  • Целестит или целестин (SrSO4, стронциум сулфат)
  • Англезит ( PbSO4, олово сулфат)

Барит[уреди]

Баритот може да биде безбојен или бел, а може да се најде и во зелена и жолта нијанса. Составен е од бариум сулфат BaSO4. Спаѓа во класата на сулфати, а во групата на барити.

  1. Тврдина: 3-3,5 по Мосовата скала;
  2. Цепливост: идеална базална и призматична;
  3. Прекршување: школкасто;
  4. Густина: 4,3-4,6;
  5. Сјајност-стаклеста;
  6. Кристален систем-орторомбичен;
  7. Трага: бела;
  8. Особини по кои се познава: кристалниот облик и густината;
  9. Придружуван од: халкопирит, пирит, калцит, кварц и железо.

Име и својства[уреди]

Баритот своето име го добил од грчкиот збор „barys“ што значи тежок и густ. Хемискиот барит претставува сулфат на бариум — BaSO4, и истиот е инертен и нерастворлив. Чистиот барит е бел или безбоен по боја, но може да го обои минералот и во жолтеникави, зеленикави, синкави нијанси. Тој е мек 3-3,5 по Мосовата скала, не може да се изгребе со нокт, но не значи дека не може да се изгребе и со некој друг предмет

Кристална структура[уреди]

Баритот може да се јави во три форми: нормални кристали, агрегатни кристали и во некристални форми. Баритните кристали се големи и сјајни. Најголем баритен кристал е пронајден со тежина од 45,5 kg.

Нормални кристали[уреди]

Баритните кристали најчесто се плочести иако се срекаваат и кристали во лушпеста форма и со иглично обликувани врвови. Ромбично холоедриски кристализираат, имат остри иглести облици и мали призматични облици кои формираат аглести испакнувања на секоја страна. Надворешниот изглед им е сличен како кај дијамантот (сл. bр 2). Баритните кристали често се јавуваат во вид на цик-цак примероци и е резултат на рамнината на слабост кои се наогаат внатре во кристалната структура. Поради мекоста, неоштетените кристали се многи тешки за обработка, и може да биде несоодветен за јувелирска употреба

Агрегатни кристали[уреди]

Некристални форми[уреди]

Баритот се јавува во форма на груби, листетсти и зрнести маси а може и во форма на чворови. На сл бр. 4 се дадени примероци од некристална форма.

Генеза на баритни наогалишта[уреди]

Генетско оформување[уреди]

Некои баритни наогалишта се оформиле на тој начин што хидротермалните флуиди кои извирале од морското дно преципитирале барит. Со одалечувањето на изворот и со мешањето на морската вода-хидротермалниот флуид претрпел промени и сето тоа имало влијание на составот на хемиските седименти. Други се оформени со ерозија на хемиски седименти или од полу- цврстени глини кои содржат барит.

Период на минерализација[уреди]

Баритните наоѓалишта се среќаваат кај карпи настанати од Архаик до Мезозоик, но повеќе во оние од среден доцен Палеозоик. Баритните наогалишта може да достигнат дебелина од неколку метри па до повеке од 50 метри, а страничното простирање може да биде повеке квадратни километри. Како приджувани минерали на баритот се јавуваат повеќе и тоа: халкопирит, пирит, цинк, сребро, железо, никел свалерит кварц и други. Поважни типови на карпи што содржат барит се: карбонати и силикатни шкрилци, аргилити, доломити и варовници.

Најголем дел од баритот од слоевити седиментни карпи се формирале кога баритот се сталожил на океанското морско дно, а кај некои ги има кои се исталожиле од топлите подземни води. Има многу баритни наоѓалишта но некои се исплатливи а некои не. Како експлоататори на барит се: Кина, Индија, Романија и Велика Британија.

Баритот е чест минерал, тој е безбоен но може да биде зонски обоен со светлокафеави срцевини. Како придружни минерали можат да се најдат пирит, хематит и други.

Економски фактори[уреди]

Потребите на технолошкиот развој е битен дел за баритот што се појавува на пазрот да се добива како спореден продукт од ископувањето на металите. Во последно време на баритатите без сулфиди им се дава предност од страна на производителите. Транспортните трошоци и содржината на земно- алакалните метали растворливи во вода и сулфиди се важни фактори за употреба на барит при дупчењето на гас и нафта.

Анализи и карактеристики[уреди]

Баритот е често застапен минерал, но може погрешно да се идентифицира со други минерали како на пример: целеститот и стронциумот (минерали на стронциум), хидроцинкитот (минерал на цинкот), англезитот( минерал на оловото), исто така имаат голема густина слична боја и неметален изглед. Тие се ретки и имаат голема потенцијала вредност од баритот.

Наводи[уреди]

  1. Hanor, J. (2000). „Barite-celestine geochemistry and environments of formation“. „Reviews in Mineralogy“ (Washington, DC: Mineralogical Society of America) 40: 193–275. ISBN 0-939950-52-9. 
  2. Dana, James Dwight; Ford, William Ebenezer (1915). „Dana's Manual of Mineralogy for the Student of Elementary Mineralogy, the Mining Engineer, the Geologist, the Prospector, the Collector, Etc.“ (13 издание). John Wiley & Sons, Inc.. стр. 299–300. http://www.archive.org/details/danasmanualmine00fordgoog. 
  3. Барит Mindat (англиски)
  4. Податоцио за баритот - Webmineral (англиски)
  5. Baryte, Handbook of Mineralogy