Јамантау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јамантау
Ямантау
Панорамски поглед на Јамантау (2010 г.)
Највисока точка
Надм. вис.1640 м
Координати54°15′18″ N; 58°06′07″ E / 54.255° СГШ; 58.102° ИГД / 54.255; 58.102
Друго имеЯмантау
Географија
Јамантау на карта

Карта

МестоБашкортостан,  Русија
Матичен венецУрал

Јамантау (башкирски: Ямантау, „зла планина“; руски: гора Ямантау) — највисока точка во јужниот дел на планината Урал, Башкортостан, Русија. Нејзината височина изнесува 1.640 метри.

Се протега во насока север-запад, зафаќајќи ширина од 3 км, а должина од 5 км. Главни врвови се: Голем Јамантау (1.640 м.) и Мал Јамантау (1.510 м.)

Просечните годишни врнежи се движат од 700 до 1100 mm. Снежната покривка изнесува од 80 до 100 см и вообичаено останува од 180 до 205 дена. Средната температура се движи од -14(-17)°C во јануари до 9(16)°C во јули.

Галерија[уреди | уреди извор]

Воена база[уреди | уреди извор]

Од страна на САД, заедно со Косвински Камен (600 км на север), се смета дека кај него се наоѓа голема тајна јадрена постројка и/или бункер.[1] Затворениот воен град Межгорје (руски: Межгорье) се наоѓа 10 километри западно од подножјето на Јамантау.[1]

Големи активности за ископување биле забележани од американските сателити кон крајот на 1990-тите години, во текот на владата на Борис Јелцин по распаѓањето на Советскиот Сојуз.[1] Два гарнизона биле изградени на врвот, Белорецк-15 и Белорецк-16, како и можен трет, Алкино-2, кои станале затворен град Межгорје во 1995 година. Се верува дека има околу 30.000 работници во секој од нив. Постојаните американски прашања имале различни одговори од руската влада за планината Јамантау.[2] Изјавиле дека тоа бил рудник, складиште за руските богатства, склад за храна и бункер за водачите во случај на јадрена војна.[3] По прашањата за Јамантау во 1996 година, руското министерство за одбрана изјавило: „Не постои пракса во Министерството за одбрана на Русија за известување странски медиуми околу постојки, каде и да се, кои се во изградба во интерес на зајакнување на безбедноста на Русија“.[3] Постои железница која го поврзува комплексот.[3]

Планината Јамантау е близу една од неколкуте последни останати јадрени лаборатории, Чељабинск-70.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Blair, Bruce G (25 мај 2003). „We Keep Building Nukes For All the Wrong Reasons“ (PDF). The Washington Post. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 28 февруари 2009.
  2. „Yamantau, Beloretsk-15, Beloretsk-16, Alkino-2“, Weapons of Mass Destruction, Global Security
  3. 3,0 3,1 3,2 Gordon, Michael R. (16 април 1996). „Despite Cold War's End, Russia Keeps Building a Secret Complex“. The New York Times. Посетено на 28 февруари 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]