Ингушетија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Республика Ингушетия
ГӀалгӀай Мохк
Република Ингушетија
Знамето на Ингушетија
Знамето на Ингушетија
Грбот на Ингушетија
Грбот на Ингушетија
Знаме Грб
Положба во Русија
Положба во Русија
Држава: Русија
Федерален округ: Јужнен
Површина: 2.963 км2
Население: 486.970 (2006.)
Главен град: Магас
Густина на население: 164 жит./км2

Ингушетија (рус. Республика Ингушетия), ингушки (ГӀалгӀай Мохк) е автономна република во составот на Руската Федерација.

Население[уреди | уреди извор]

Населението во Ингушетија не е со толкав мешан етнички состав како во соседните кавкаски републики. Има 465.000 жители (2005), од кои 77,3% се Ингуши. Густината на населението е 141,6 жит./км2 (2005), а уделот на градското население е 42,6% (2005).

Народ Жители во 2002 год, илј.

(* Архивирано на 26 јануари 2012 г.)

Ингуши 361,1 (77,3 %)
Чеченци 20,4 (23,2 %)
Руси 5,6 (1,2 %)
не се прикажани народи кои ги имама помалку од 1.000

Карта на Република Ингушетија

Историја[уреди | уреди извор]

Зграда на претседателот во Магаса

Ингушетија влегла во составот на Руската Империја во 1810. Во 1860 година по указот на императорот Александар II во источната страна на Северниот Кавказ била создадена Терската област, во чиј состав влегле Чеченскиот, Ичкерискиот, Ингушетскиот и Нагорниот округ.

После воспоставување на советската власт, во март 1920, Терската област била расформирана, а Чеченскиот (обединет со Учкерискиот) и Ингушетскиот (обединет со Нагорниот) округ станале самостојни територијални единки.

На 20 јануари 1921 година, Чеченија и Ингушетија заедно со Карачаево-Черкесија, Кабардино-Балкарија и Северна Осетија влегуваат во новосоздадената република Горскаја АССР.

На 7 ноември 1924 година Горскаја АССР била ликвидирана и со тоа се создала Ингушска АО во состав на РСФСР.

На 15 јануари 1934 била создадена Чеченско-Ингушетската автономна област, која на 5 декември 1936 година станала Чечено-Ингушка АССР (ЧИАССР).

Во февруари 1944 год. оваа република била расформирана, за после да влезе во составот на Северно-Осетинската АССР.

На 15 мај 1991 година ЧИАССР е преименувана во Чеченско-Ингушетска Република, а на 1 октомври 1991 година со решение на Врховниот совет на РСФСР Чеченско-Ингушетската Република била разделена на Чеченија и Ингушетија.

Во состав на републиката се три административни региони на поранешната Чеченско-Ингушетиска република: Сунженcки, Малгобекски и Назрањски. За главен реон е избран поранешниот регионален центар Назрањ, а новиот главен град на републиката е градот Магас.

Граници[уреди | уреди извор]

Ингушетија се граничи со Северна Осетија, Чеченија и Грузија.

Помеѓу Северна Осетија и Ингушетија постои територијален спор — Ингушетија го оспорува регионот т.н. Пригородниот регион на Северна Осетија на исток кон Владикавказ.