Далекуисточен федерален округ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Далекуисточниот федерален округ (руски: Дальневосточный федеральный округ) е еден од осумте федерални окрузи на Русија. Населението изнесува 6.692.865 жители според пописот од 2002, а површината изнесува 6.215.900 km². Ова е најголемиот федерален округ во Русија. Моменталниот полномошен претставник на претседателот е Виктор Ишаев.

Местоположбата на Далекуисточниот федерален округ во рамките на Русија

Далекуисточниот федерален округ ја покрива територијата на Рускиот Далечен Исток (рускиот дел на Далечниот Исток).

Делови од Федералниот округ, со републики (што уживаат голема автономија) се обележани со ѕвездичка:

1. Амурска област
2. Еврејска автономна област
3. Камчатска област
3a. Корјачки автономен округ
4. Хабаровски крај
5. Магданска област
5a. Чукотски автономен округ
6. Јакутија*
7. Сахалинска област
8. Приморски крај

Поделба на Далекуисточниот федерален округ

Најголеми градови во округот се Владивосток, Хабаровск, Николаевск на Амур, Јужно-Сахалинск, Комсомолск на Амур и Петропавловск Камчатски.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]