Стар град (Баку)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Светско наследство на УНЕСКО
Утврдениот град Баку со Ширваншаховиот сарај и Девствената кула
Назив според описот на списокот
Ширваншаховиот сарај
Вид културно
Критериуми iv
Навод 958
Регион по УНЕСКО Список на светско наследство во Европа
Запис
Прогласено 2000 (24. заседание)
Загрозено 2003-2009

Стар Град или Внатрешен Град (азерски: İçəri Şəhər ) – историско средиште на Баку, азербејџанската престолнина, кое во 2000 година е запишано во списокот на светското наследство на УНЕСКО во Европа.

Градби во Стариот Град[уреди | уреди извор]

Амам и трговски дуќани во Стариот Град

Внатрешниот Град има сочувани градски ѕидини и кули од 1806 година, а неговите улици се сликовити, тесни и излегуваат на мали плоштади на кои се наоѓаат знаменити градби како што се:

Ширваншахов сарај[уреди | уреди извор]

Ширваншаховиот сарај (Şirvanşahlar sarayı) од 15 век изграден е на брдо така што се гледа од сите делови на Стариот Град и од море. Тој е најголемиот историски комплекс градби во Азербејџан, а се состои од дворец, диванхан (сала), мавзолеј и гробници, шахова џамија со минаре, порта „Муратова капија“, резервоар и остатоци од амам. Дворецот е оштетен во руско бомбардирање во 18 век и до 20 век е обновена, но поголемиот дел од неговите скапоцености е украден и денес се наоѓа во Топкапи сарај во Истанбул.

Девствена кула[уреди | уреди извор]

Девствената кула (Qız Qalası) од 12 век е изградена на место на постар пагански храм од 7 или 6 век п.н.е. Таа е цилиндрична градба на осум ката од кои секој кат има плиток свод. Првите три ката се од 7 или 6 век и претставуваат древна астрономска опсерваторија или храм на огнот. Во нејзините агли постојат 4 оџаци високи 15 метри низ кои од тлото е воден природен плин до кровот, каде непрекинато горел со висок пламен. Катовите се споени со камени скали од ѕидовите, а осветлени се со тесни прозорци.

Медреса[уреди | уреди извор]

Медресата на Мехмед Мезџид (1078-1079) со две простории.

Карвансараи[уреди | уреди извор]

  • Карвансарајот Бухара од 15 век за трговците од Исток,
  • Двокатниот Касумбек од 16 век за трговците од море, и
  • Карвансарајот Мултани од 15 век за трговците од Индија.

Џума-џамија[уреди | уреди извор]

Џума-џамија и амам (кое едно време била азербејџански музеј на теписи и уметности)

Тука се наоѓаат и бројни други градби, како малите и многу слични џамии.

Дел од светското наследство[уреди | уреди извор]

После земјотресот во 2000 година, Стариот Град на Баку е ставен во пописот на светското наследство. Од 2003 до 2009 година бил ставен во пописот на загрозени места од светското наследство.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]