Нагасаки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нагасаки
長崎
Core city
長崎市 · Nagasaki City
Nagasaki's waterfront area
Nagasaki's waterfront area
Знаме на Нагасаки
Знаме
Location of Nagasaki in Nagasaki Prefecture
Location of Nagasaki in Nagasaki Prefecture
Нагасаки се наоѓа во Јапонија
Нагасаки
 
Координати: 32°47′ СГШ 129°52′ ИГД / 
Country Japan
Region Kyushu
Prefecture Nagasaki Prefecture
District N/A
Управа
 • Mayor Tomihisa Taue (2007-)
Површина
 • Вкупна 406,35 км2
 • Земјишна 241,20 км2
 • Вода 165,15 км2
Население (January 1, 2009)
 • Вкупно 446.007
 • Густина 1.100/км2
Часовен појас Japan Standard Time (UTC+9)
- Tree Chinese tallow tree
- Flower Hydrangea
Phone number 095-825-5151
Address 2-22 Sakura-machi, Nagasaki-shi, Nagasaki-ken
850-8685
Мреж. место www1.city.nagasaki.nagasaki.jp

Нагасаки (јап. 長崎市) е град во Јапонија во перфектурата Нагасаки. Се наоѓа на југоисточниот брег на островот Кјушу. Според попусот на нaселението од 2005 година во градот живееле 442,624 жители.

На градот на 9 август 1945 година била фрлена атомска бомба, која усмртила веднаш 39,000 луѓе, а за 75,000 се верува дека починале накнадно од здобиената радијација.

Градот во Јапонија бил центар преку која Јапонија во средниот век била во контакт со надворешниот свет. Затоа и бил најголем католички град на Јапонија, до забраната на католицизмот.

Историја[уреди | уреди извор]

Властелинот (дајмјо) од католичка вероисповед во 1568 г. основал пристаниште во Нагасаки. Португалците веќе во 1571 година го користат истото. Пристаништето во 1579 година било предадено на језуитската администрација. Градот во Јапонија стана језуитска колонија, а пристаништето под админситративна и воена команда на језуитите.

Тојотоми Хидејоши во 1587 година пристигнал на Кјушу во својата кампања за обединвуање на Јапонија. Тој забележал преголемо католичко влијание во јужниот дел на Јапонија, а посебно активно и арогантвно влијание на језуитите. Хидејоши наредил да се протераат сите мисионери и градот да се стави под негова контрола. Меѓутоа тоаа наредба била доста слабо спроведена, така да населението нa Нагасаки останало католичко.

Кога во 1596 година Хидејоши дознал од еден навигатор на шпански брод дека претстои инвазија на Шпанци и Португалци во Јапонија тој убил 36 католици во Нагасаки.

Прогон на Португалците[уреди | уреди извор]

Кога Токугава Ијејасу ја презел бласта бил толерантан, бидејќи му помогнале многу Јапонци кои биле католици, посебно католичките даимјо самураи. Во Шиманара побуната во 1637 година учество зеле многу селани католици. Токугава сметал дека Португалија стои зад самураите и селаните и ги протерал сите Португалци од Јапонија, а католицизмот го забранил како религија.

Наместо Португалците била прифатена трговија со Холанѓаните, бидејќи не се католици. Холанѓаните ја презеле трговијата на Јапонија со целиот свет. Во 1720 година било овозможено проучување на холандскиот јазик и користење на холандсски книги, така да Нагасаки станал главен центар на изучување на европската наука и уметност.

Атомска бомба[уреди | уреди извор]

Од експлозијата на атомската бомба над Нагасаки се створила печурка висока 20 километри.

На 9 август 1945 година во 11:02 на Нагасаки била фрлена атомска бомба, која одмах усмртила 39,000 луѓе, а за 75,000 се смета дека починале накнадно од задобивање на радијацијата. Тоа била втора атомска бомба фрлена на Јапонија. Бомбата имала сила од 22 килотони ТНТ и била имплозиона плутониоумова бомба.

Мета за нападот бил Кокура, но затоа што било облачно земена е втората мета од листата, а тоа бил градот Нагасаки. Иако бомбата била фрлена појака од онаа на Хирошима, поради планинскиот терен разорувањето било многу помало од онаа во Хирошима.

Градот во Јапонија поново бил изграден по војната. Нагасаки останал пристанишки град со силна бродоградилишна индустрија.

Изгледот на Нагасаки пред Изгледот потоа


Население[уреди | уреди извор]

Според податоците од пописот од 2005 година, во градот живееле 442,624 жители.

Кретање броја становника
1995. 2000. 2005. 2012.
475.259[1] 457.486[1] 442.624[1] 5.555.555

Наводи[уреди | уреди извор]