Џозеф Хенри
Изглед
| Џозеф Хенри | |
|---|---|
| Роден(а) | 17 декември 1797 Олбани, САД |
| Починал(а) | 13 мај 1878 (возр. 80) Вашингтон, САД |
| Националност | САД |
| Алма матер | Академија Албани |
| Познат(а) по | Електромагнетна индукција, го измислил предвесникот на електричното ѕвонче и електричниот релеј |
| Вера | презвитеријанец |
| Сопружник | Хариет Хенри |
| Деца | Вилијам Александар (1832–1862) Мери Ана Хенри (1834–1903) Хелен Луиза (р. 1836) Каролин (р. 1839) |
Џозеф Хенри (англиски: Joseph Henry; 17 декември 1797 - 13 мај 1878 ) — американски физичар.
Се смета за еден од најголемите американски научници по Бенџамин Френклин. Џозеф Хенри бил пионер во областа на електромагнетизмот, го открил феноменот на самоиндукција - волтажа што е произведена од променливата струја. Неговата работа била од клучно значење за пронаоѓањето на телеграфот, електричниот мотор и на телефонот. Во 1846 година Хенри станал првиот директор на Институтот Смитсонијан и еден од основачите на Националната академија на науките. Во 1893 година по него била наречена стандардната електрична единица на индукциски отпор, хенри.
Извор
[уреди | уреди извор]- Дејвис, Адам Харт, уред. (2011). Општа наука: енциклопедија за секое семејство и дом. прев. Сашо Христовски и др. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-608-4500-27-8. (библ.)
| Оваа статија за личност од САД е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||
|