Вилхелм Едуард Вебер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вилхелм Вебер
Wilhelm Eduard Weber II.jpg
Роден Вилхелм Едуард Вебер
24 октомври 1804(1804-10-24)
Витенберг, Саксонија, Света Римска Империја
Починал 23 јуни 1891(1891-06-23) (воз. 86 г.)
Гетинген, Провинција Хановер, Кралство Прусија
Националност Германец
Полиња Физика
Установи Гетингенски универзитет
Халски универзитет
Лајпцишки универзитет
Образование Халски универзитет
Гетингенски универзитет
Докторски ментор Јохан Саломо Кристоф Швајгер
Докторанди Ернст Абе
Фридрих Вилхелм Георг Колрауш
Едуард Рике
Познат по првата употреба на буквата „С“ за означување на брзината на светлината
работа на магнетизмот
електродинамометар
телеграф
Поважни награди Коплиев медал (1859)
Матеучиев медал (1879)
Потпис
Белешки
Во SI системот единицата мерка за магнетен тек е наречена токму по него. Брат на Ернст Хајнрих Вебер и Едуард Вебер. Негов татко бил Михаел Вебер.

Вилхелм Едуард Вебер (германски: Wilhelm Eduard Weber; 24 октомври 180423 јуни 1891) бил германски физичар заедно со Карл Фридрих Гаус, пронаоѓач на првиот електомагнетски телеграф.

Биографија[уреди | уреди извор]

Младост[уреди | уреди извор]

Вебер бил роден во Витенберг, каде неговиот татко, Мајкл Вебер, бил професор по теологија. Вилхелм бил второ дете од тројцата браќа, кои сите биле надарени со способност за наука. По распаѓањето на Витенбергшкиот универзитет неговиот татко бил преместен во Хале во 1815 година. Вилхелм ги добил неговите први часови од неговиот татко, но бил пратен во азилот на сирачиња и Граматичкото учичиште во Хал. После тоа тој влегол во универзитетот и ѝ се посвесветил на природната филозофија. Тој многу се истакнал на неговите часови и со неговото оригинално дело, и по земањето на неговата докторска диплома и станувањето Privatdozent тој бил избран за Професор на природна филозофија во Хал.

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 1831, од препорака на Карл Фридрих Гаус, тој вил вработен во универзитетот во Гетинген како професор по физика, на 27 години. Неговите лекции биле интересни, поучни и корисни. Вебер помислил дека, со цел темелно да се разбере физиката и да се примени во секојдневниот живот, само предавањата иако илустрирани со експерименти не се доволни и затоа ги охрабрил своите студенти да експериментираат, бесплатно, во училишната лабораторија. Како студент на 20 години, со неговиот брат, Ернст Хајнрих Вебер, Професор по анатомија во Лајпциг, ја напишале книгата Бранова теорија и менливоста, која им донелна значителна репутација. Акустиката била неговата омилена наука, и објавил бројни документи за неа Poggendorffs Annalen, Schweigger's Jahrbücher für Chemie und Physik, и музичкиот дневник Carcilia. 'Одење низ човештвото' било друго негово учење, спроведено во соработка со неговиот помлад брат, Едуард Вебер. Овие познати истражувања биле објавени меѓу 1825 и 1838. Гаус и Вебер го конструирале првиот електромагнетски телеграф во 1833, побрзан со опсерваторија во Институтот за физика во Гетинген.

Во декември 1837, Хановарианската влада го отфрли Вебер, еден од Гетингеншка седумка, од својата функција на Универзитетот од политички причини. Вебер потоа отпатува за извесно време, во посета на Англија, меѓу другите земји, и стана професор по физика во Лајпциг од 1843 до 1849, кога тој беше вратен во Гетинген. Едно од неговите најважни дела, напишано со Карл Фридрих Гаус и Карл Волфганг Бенјамин Голдшмид, е Atlas des Erdmagnetismus: nach den Elementen der Theorie entworfen. Тој студирал магнетизам со Гаус, и во текот на 1864 го објавил неговто дело Електродиманични пропорционални мерки содржувајќи систем на апсолутни мерења за електрична струја, што ја формира основата на оние кои се во употреба. Вебер починал во Гетинген, каде бил погребан на истите гробишта како Макс Планк и Макс Борн.

Тој бил избран за странски член на Кралската шведска академија на науките во 1855.

Во 1856 со Рудолф Колрауш (1809–1858) тој покажа дека односот на електростатиката со електомагнетизмот произведува број кој одговара со вредноста на тогаш познатата брзина на светлината. Ова откритие довело до Максвеловата претпоставка дека светлината е електромагнетен бран. Ова доведе до развој на тероијата на Вебер за екетродинамиката. Исто така, првата употреба на буквата "С" беше за означување на брзината на светлината во 1856 на хартија од Колрауш и Вебер.

Единицата во SI-системот за магнетен тек, (симбол: Wb) е наречен токму по него.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]