Луис Харолд Греј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Луис Харолд Греј
Louis Harold Gray
Луис Харолд Греј
Роден(а)10 ноември 1905(1905-11-10)
Ричмонд на Темза, Англија
Починал(а)9 јули 1965(1965-07-09) (возр. 59)
Познат поБрег-Греева шуплинска теорија
греј (единица)
Поважни наградичлен на Кралското друштво[1]
Авторска кратенка (бот.)

Луис Харолд Греј (англиски: Louis Harold Gray; 10 ноември 19059 јули 1965) — англиски физичар кој претежно ги проучувал последиците од зрачењето врз организмите и со тоа е основоположник на радиобиологијата. Меѓу другите достигнувања, познат е по тоа што ја дефинирал единицата за јонизирачкото зрачење, која подоцна влегла во Меѓународниот систем на мерни единици (SI) како греј во негова чест.[3][4]

Работа и пронајдоци[уреди | уреди извор]

  • 1933 — станува болнички физичар во „Маунт Вернон“, Лондон
  • 1936 — ја осмислува Брег-Греевата равенка за јонизација на шуплини со која се изразува впливливоста на енергија кај материјалите при изложеност на гама-зрачење
  • 1937 — конструира првобитен неутронски генератор во болницата „Маунт Вернон“
  • 1938 — ги проучува последиците на неутроните врз организмите, користејќи го генераторот
  • 1940 — ја развива претставата за релативна биолошка делотворност на дозите на неутрони
  • 1952 — ги испитува клетките кај хипоксичните тумори и хипербарниот кислород
  • 1953 — ја основа Греевата лабораторија во болницата „Маунт Вернон“
  • 1953-60 — Џек В. Боуг под водство на Греј ја развива пулсната радиолиза
  • 1962 — Ед Харт и Џек Боуг го откриваат хидрираниот електрон користејќи ја пулсната радиолиза во Греевата лабораторија. Со ова го започнуваат истражувањето на последиците на зрачењето врз човечкото ткиво радиотерапија за лечење на рак кое се одвива и денес

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. doi:10.1098/rsbm.1966.0009
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  2. „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња. (англиски)
  3. Louis Harold Gray F.R.S. - a chronology, CRUK/MRC Oxford Institute, 29 June 2000, Архивирано од изворникот на 2014-04-07, Посетено на 2014-04-04
  4. Slipman, Curtis W.; Chou, Larry H.; Derby, Richard; Simeone, Frederick A.; Mayer, Tom G. (2008), Interventional spine: an algorithmic approach, Elsevier Health Sciences, стр. 230–231, ISBN 0-7216-2872-9CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]