Начело на суперпозиција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Начело на суперпозиција — еден од најопштите закони во многуте гранки на физиката. Наједноставно, ова начело може да се срочи на следниот начин:

Резултатот од дејството на неколку надворешни сили врз дадена честичка е всушност збир од резултатите на дејствата на секоја сила одделно.

Најпознато е начелото на суперпозиција во електростатиката, каде тој утврдува дека електростатскиот потенцијал, создаден во дадена точка во системот од полнежи, е збир од потенцијалите на одделните полнежи.

Начелото на суперпозиција може да се срочи и поинаку:

  • Заемодејството меѓу две честички не се менува при внесување на трета честчка која исто така заемодејствува со другите две.
  • Енергијата на заемодејство на сите честички во еден многучестичен систем е всушност збир од енергиите на парните заемодејства меѓу сите можни парови на честички. Во системот не постојат повеќечестични заемодејства.
  • Равенките кои го опишуваат однесувањето на многучестичните системи се линерани по количеството на честички.

Всушност, линеарноста на фундаменталната теорија во дадена област на физиката е причина за појавата на начелото на суперпозиција.