Индиски научен институт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Индискиот научен институт (ИНИ; англиски: Indian Institute of Science (IISc)) е јавен, сметан, истражувачки универзитет за високо образование и истражување во науката, инженерството, дизајнот и менаџментот. Се наоѓа во градот Бангалор, Карнатака, Индија. Институтот е основан во 1909 година со активна поддршка на Џамсетџи Тата и Кришна Раџа Вадијар IV.[1] Поради ова, локално е познат и како Татиев институт. Статусот за сметан универзитет му беше доделен во 1958 година, а статусот на Значаен Институт во 2018 година.

Во 2019 година, ИНИ како дел од својот бренд го промовираше слоганот „Откриј и иновирај; Трансформирај и надмини; Служи и води“ (англиски: Discover and Innovate; Transform and Transcend; Serve and Lead).[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Indian Institute of Science“ (англиски). Посетено на 2020-06-21.
  2. „IISc Launches its Brand Statement“ (PDF). IISc. Посетено на 20 јуни 2020.