Македонија на Евровизија 2007

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Македонија учествуваше на Евровизија 2007 во Хелсинки, Финска. Претставникот на Македонија беше избран преку национална селекција, Национален Евросонг 2007, во организација на македонскиот радиодифузер Македонска радио-телевизија (МРТ). Каролина Гочева ја претставуваше Македонија со песната „Мојот свет“, која се квалификуваше од полуфиналето на натпреварот и се пласираше на 14. место во финалето, постигнувајќи 73 бода.

Скопје Фест 2007[уреди | уреди извор]

Скопје Фест 2007 беше избор организиран од МРТ што служеше како македонско национално финале за избор на нивниот кандидат за Евровизија 2007. Нтпреварот се одржал на 24 февруари 2007 во Универзалната сала во Скопје, а водители биле Миланка Рашиќ, Живкица Ѓурчиновска и Игор Џамбазов, и била пренесувана на МРТ 1 и МРТ Сат.[1]

Натпреварувачки песни[уреди | уреди извор]

МРТ добиле 150 поднесоци од заинтересирани пејачи и композитори за време на периодот за поднесување. 15 песни биле одбрани од отворените апликации, додека дополнителни 3 песни биле поднесени од пејачи директно поканети од МРТ за натпреварот.[2] Петнаесетте натпреварувачки пејачи и песни биле објавени на 24 јануари 2007.[3] Помеѓу натпреварувачките пејачи била и поранешната македонска претставничка Каролина Гочева која ја претставуваше Македонија на Евровизија 2002.

Финале[уреди | уреди извор]

Финалето се одржало на 24 февруари 2007. Сите 15 натпреварувачки песни биле пропратени од оркестарот на МРТ. Регионалното телефонско гласање од 12 области низ Македонија ја одбрало Мојот свет изведена од Каролина Гочева како победникот.[4] Покрај настапите на натпреварувачките песни, натпреварот вклучувал гостински настапи од Ребис балетско студио, македонската претставничка на Евровизија 2006, Елена Ристеска, хрватскиот претставник на Евровизија 2005, Борис Новковиќ, и белорускиот претставник на Евровизија 2007, Димитриј Колдун.

Финале - 24 февруари 2007
Редослед Изведувач Песна Текстописци Бодови Место
1 Маја Саздановска и Јован Јованов "1, 2, 3" Јован Јованов, Маја Саздановска, Елвир Мекиќ 71 4
2 Елена Петреска "Пеам" Григор Копров, Весна Малинова 67 5
3 Маја Гроздановска-Панчева "Кавијар и свила" Блаже Темелков 6 15
4 Маријан Стојановски "Ако те расплачат" Ванчо Димитров 20 10
5 Деана Николовска "Небо" Владимир Дојчиновски, Ристо Самарџиев 11 14
6 Андријана Јаневска "Епизода" Александар Стефановски-Јаблан 19 11
7 Васил Гарванлиев "Помогни ми" Васил Гарванлиев 15 13
8 Ѓорѓи Крстевски "Летни дождови" Ѓорѓи Крстевски 30 7
9 Ламбе Алабаковски "Бело е се" Роберт Билбилов, Елена Ристеска 101 3
10 Биба Додева "Чувај ме" Владимир Дојчиновски, Биба Додева 21 9
11 Ивана Андонова "Оди си" Ивана Андоновска, Весна Малинова 16 12
12 Каролина Гочева "Мојот свет" Григор Копров, Огнен Неделковски 144 1
13 Супер Нова "Потсети ми" Дамјан Лазаров, Елвир Мекиќ 30 7
14 Тамара Тодевска "Кажи кој си ти" Александар Масевски 105 2
15 Сања Лефкова "Отров и лек" Јован Јованов, Елвир Мекиќ 40 6

Промоција[уреди | уреди извор]

Пред натпреварот, Гочева се впуштила на промо турнеја во Босна и Херцеговина и Србија. Покрај настапите на Балканот, Каролина одржала пред-натпреварувачки концерт во Метрополис арена во Скопје. "Мојот свет" претрпела јазични промени за натпреварот со тоа што најголемиот дел од песната била отпеана во оригиналната македонска верзија, а последниот рефрен на песната бил отпеан на англиски јазик.

Евровизија 2007[уреди | уреди извор]

Настапот на Каролина Гочева на Евровизија 2007

Бидејќи Македонија се пласирала 12та на натпреварот во 2006, Каролина била принудена да се натпреварува во полуфиналето. Македонија се натпреварувала во полуфиналето на натпреварот во 2007 на 10 мај 2007 настапувајќи 18та. Македонија се квалификувала во финалето, пласирајќи се 9та во полуфиналето и освојувајќи 97 бодови.[5] Во финалето, Македонија настапила 6та. Македонија се пласирала 14та во финалето, освојувајќи 73 бодови.[6]

Гласање[уреди | уреди извор]

Поени доделени на Македонија[уреди | уреди извор]

Бодови доделени на Македонија (полуфинале)[7]
Score Country
12 бодови Бугарија Бугарија
10 бодови
8 бодови Хрватска Хрватска
7 бодови Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина
6 бодови
5 бодови
4 бодови
3 бодови
2 бодови Романија Романија
1 бод

Бодови доделени на Македонија (финале)[8]
Score Country
12 бодови
10 бодови
8 бодови
7 бодови
6 бодови Швајцарија Швајцарија
5 бодови Чешка Чешка
4 бодови
3 бодови Албанија Албанија
2 бодови
1 бод

Поени доделени од Македонија[уреди | уреди извор]

Бодови доделени од Македонија (полуфинале)[7]
Score Country
12 бодови Србија Србија
10 бодови Албанија Албанија
8 бодови Турција Турција
7 бодови Бугарија Бугарија
6 бодови Хрватска Хрватска
5 бодови Словенија Словенија
4 бодови Белорусија Белорусија
3 бодови Црна Гора Црна Гора
2 бодови Полска Полска
1 бод Андора Андора

Бодови доделени од Македонија (Финале)[8]
Score Country
12 бодови Србија Србија
10 бодови Турција Турција
8 бодови Бугарија Бугарија
7 бодови Белорусија Белорусија
6 бодови Словенија Словенија
5 бодови Русија Русија
4 бодови Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина
3 бодови Грција Грција
2 бодови Украина Украина
1 бод Молдавија Молдавија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Klier, Marcus (24 February 2007). „Tonight: F.Y.R. Macedonia decides for Helsinki“. Esctoday.com.
  2. Viniker, Barry (24 January 2007). „FYR Macedonia: Full Running Order“. Esctoday.com.
  3. Kasapoglou, Yiorgos (24 January 2007). „FYR Macedonia: Full Running Order“. Esctoday.
  4. Klier, Marcus (25 February 2007). „Karolina Goceva back for F.Y.R. Macedonia“. Esctoday.com.
  5. „Semi-Final of Helsinki 2007“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 22 April 2021. Посетено на 22 April 2021.
  6. „Grand Final of Helsinki 2007“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 22 April 2021. Посетено на 22 April 2021.
  7. 7,0 7,1 „Results of the Semi-Final of Helsinki 2007“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 23 April 2021. Посетено на 23 April 2021.
  8. 8,0 8,1 „Results of the Grand Final of Helsinki 2007“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 23 April 2021. Посетено на 23 April 2021.