Андора досега на Песна на Евровизија настапувала пет пати, дебитирајќи во 2004 ( Евровизија 2004 ). Интересите за натпреварот беа големи од подолго време, но локалната Андорска телевизија не го емитуваше натпреварот веќе повеќе години, освен тоа што можеше да се гледа преку Шпански и Француски ТВ канали. Повеќето од песните беа пеани на Каталонски. И покрај големиот интерес за натпреварот, Андора досега ниту еднаш не се пласирала во финале. Во 2007, квалификацијата беше предвидена, но со 12то место не можеа да обезбедат влез.
Во минатото Андора својот претставник го избирала по пат на големо реално шоу. Од 2006 Андорската национална телевизија RTVA има приватен избор и го избира својот претставник за Евровизија по пат на фестивалско гласање.