Евровизија 2005

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Евровизија 2005 беше 50-тото издание на Евровизија, коешто се одржа во Киев, Украина. Победник беше Грција со песната „Мојот број еден“, во изведба на Елена Папаризу, со 230 освоени поени, додека претставникот на Малта, Кјара Сиракуса, со песната „Ангел“ беше на второто место со 192 поени. Концертот беше одржан на 19 мај, полуфинале и на 21 мај, финале. Организаторите се надеваа дека со овој настан ќе се прикаже подобра слика за туризмот во Украина.