Нешто што ќе остане
Нешто што ќе остане | |
---|---|
Од настапот на Некст тајм на Евровизија 2009 | |
Евровизија 2009 | |
земја | Македонија |
изведувач | Некст тајм |
јазик | македонски |
композитор | Дамјан Лазаров, Јован Јованов |
текст | Елвир Мекиќ |
пласман | |
позиција во полуфинале | 10 |
бодови во полуфинале | 45 |
хронологија на учество | |
◄ Во име на љубовта (2008) | |
Јас ја имам силата (2010) ► |
Нешто што ќе остане (англиски: Something that will remain) — песна од македонскиот бенд Некст тајм. Таа била македонски претставник на Евровизија 2009 во Москва, Русија, но не успеала да се квалификува за финалето. Англиската верзија на песната се вика The Sweetest Thing That Will Remain.
Опис
[уреди | уреди извор]Песната била компонирана од македонскиот композитор и пејач Јован Јованов, заедно со Дамјан Лазаров, а текстот го напишал Елвир Мекиќ.[1][2]
По победата во финалето на македонскиот национален избор, композиторот го изменил аранжманот на песната со што ја направил повеќе рокерска отколку што била на националниот избор. Биле снимени и две верзии на англиски и хрватски под имињата „The Sweetest Thing That Will Remain" и „Ne dam da te diraju". Текстот на англиската верзија бил на Дамјан Лазаров, а на хрватската на Елвир Мекиќ. Било одлучено во Москва песната да се пее во нејзината оригинална, македонска верзија.
Домашен избор
[уреди | уреди извор]Песната била изведена на првата полуфинална вечер на 19 февруари и била прва со 22 бода (12 од “телевоутингот“ и 10 од жирито). Во финалето Некст тајм настапиле шести по ред и победиле со 19 бода (12 од “телевоутингот“ и 7 од стручното жири).
Видео спот
[уреди | уреди извор]Спотот на песната бил снимен од страна на нејзиниот композитор Јован Јованов, а монтиран од "Exit B" продукција[3]. Видео спотот бил сниман на 28 и 29 март на повеќе локации во Скопје: на голема кула, надвор од градот, и во студиото.
Во видео-приказната еден од членовите на групата, Стефан, се вљубува во режисерка на видео спотови, симболизирајќи ја како „Нешто што ќе остане". Видео спотот бил издаден и за секоја од јазичните верзии на песната.
Настап на Евровизија 2009
[уреди | уреди извор]“Нешто што ќе остане“ била изведена како 13-та по ред во првото полуфинале на Евровизија 2009 во Москва, Русија. За жал, со освоени 45 бода се пласирала на 10 место, што не било доволно за влез во финалето.
Текст на песната
[уреди | уреди извор]
Je, je, ти си од Бога, Да не си ти, Овие очи очи и дење и ноќе Во животот има и убави нешта Овие очи очи и дење и ноќе Љубов ти давам да добијам нешто, Овие очи очи и дење и ноќе |
англиски (буквален превод) Yeah, Yeah, you're from God If it weren't for you, These eyes, day and night There are beautiful things in life These eyes, day and night I give you love to get something back, These eyes, day and night |
грчки (буквален превод) Εισαι σταλμενος/η απο το Θεό, Αν δεν ήσουν εσυ, Αυτά τα ματια, μέρα και νύχτα Σε αυτή τη ζωη υπάρχουν και ωραία πράγματα Αυτά τα ματια, μέρα και νύχτα Σου δίνω αγάπη για να παρω κάτι, Αυτά τα ματια, μέρα και νύχτα |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Klier, Marcus (2009-02-21). „FYR Macedonia: Next Time to Eurovision“. ESCToday. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Fisher, Luke (2009-02-21). „Next Time to represent FYR Macedonia in Moscow“. Oikotimes. Архивирано од изворникот на 2010-12-30. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Ви се допаѓа ли евровизискиот спот на Next Time?, www.mmm.com.mk
|