Македонија на Евровизија 2000

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Евровизија 2000
Држава Македонија
Национален избор
Изборен процессСкопје-фест 1998
Дата на избор19 февруари 2000
Избран учесникXXL
Избрана песна"100% те љубам"
Изведба во финале
Финален резултат15-то, 29 поени
Македонија на Евровизија
◄1998 2000 2002►

Македонија на Евровизија 2000 — второ официјално учество на Македонија на изборот на песна за Евровизија. Македонија била претставувана од страна на групата XXL, откако победила на националниот музички фестивал Скопје Фест со песната 100% те љубам. Песната била една од 22-те песни кои биле изведени на 19 февруари 2000 година на фестивалот во Универзалната сала во Скопје. Водители на фестивалот биле Катерина Крстевска и Драган Б. Костиќ. Гласањето се одвивало во 3 дела - стручно жири составено од 21 лице (секој од нив доделил 100 поени за нивната омилена песна), гласовите на публиката во Универзалната сала (кои можеле да дадат по 1 поен на нивната омилена песна) и телефонско гласање (фаворитот на гледачите добил 200 поени, вториот - 180 поени, итн)[1].

XXL биле фаворити на експертското жири и публиката. Тоше Проески ги освоил најголемиот број на телефонски гласови (со околу 38 000 гласови) и XXL биле втори (со околу 30 000 гласови).

Евровизија 2020[уреди | уреди извор]

На Евровизија 2000 Македонија го освоила 15-тото место со освоени 29 поени.


Наводи[уреди | уреди извор]