Proud (песна на Тамара Тодевска)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонија Proud
Евровизија 2019
земјаМакедонија
изведувачТамара Тодевска
јазикАнглиски
композиторДарко Димитров, Роберт Билбилов, Лазар Цветкоски
текстКоста Петров, Сања Поповска
пласман
позиција во полуфинале2
бодови во полуфинале239
финален пласман7
бодови во финале305
хронологија на учество
[[Lost and Found|◄ Lost and Found (2018)]]   


„Proud“ — песна на македонската пејачка Тамара Тодевска. Таа ја изведе песната на натпреварот за песна на Евровизија 2019 во Тел Авив претставувајќи ја Македонија. Песната е компонирана од Дарко Димитров, Роберт Билбилов и Лазар Цветкоски, а текстот е напишан од Коста Петров и Сања Поповска. Иако песната првично била планирана да биде објавена на 4 март 2019 година, датумот на издавање бил одложен претходниот ден до 8 март 2019 година за да се совпадне со Меѓународниот ден на жената, во соопштението објавено на профилот на Твитер на македонската делегација.[1]

Успешно се пласираше на 7. место во големото финале и покрај победата од жири гласањето со 305 бода. Во полуфиналето каде се натпреваруваше, Тамара го зазеде второто место, веднаш позади победничката Холандија, со 239 бода.

Позадина[уреди | уреди извор]

На 25 јануари 2019 г., МРТ објави дека Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Тел Авив, Израел. Претходно Тамара ја претставуваше Македонија заедно со Врчак и Адријан во 2008. во Белград, Србија со песната "Let Me Love You", но не успеаа да земат учество во финалето. Тамара исто така настапуваше како придружен вокал за Тоше Проески со песната "Life" во 2004. во Истанбул, Турција и исто така за Тијана Дапчевиќ со песната "To the Sky" во 2014. во Копенхаген, Данска.

Премиерата на "Proud" заедно со видео записот е објавена на 8 март 2019, за време на вечерниот дневник на МРТ. Иако беше планирано песната да се објави на 4 март 2019, нејзиното објавување беше одложено за 8 март истата година со цел да се совпадне со Меѓународниот ден на жената - 8 март, вели објавата на официјалниот Твитер профил на Македонската делегација за Евровизија. Песната е компонирана од Дарко Димитров, Лазар Цветкоски и Роберт Билбилов, а напишана од Коста Петров и Сања Поповска. Тамара Тодевска песната ја посвети на нејзината ќерка Хана и на сите кој се борат со своите соништа и кои веруваат во својата способност.

Композиција[уреди | уреди извор]

Иако претходно претставена како химна на феминизмот, Тамара рече дека "Proud" е песна за "сите оние на кои им е речено да ја наведнат главата, да ги следат правилата на околината" кои за неа, не важат во 21 век. Коста Петров, кој е соавтор на песната со неговата сопруга Сања Поповска, изјави дека "Proud" e песна напишана за нивната ќерка и ќерката на Тамара Тодевска, но дека генерално песната е околу еднаквоста, " Тоа е песна за се прифатиме такви какви што сме, да се сакаме самите себе и да веруваме во себеси. Песната е да бидеме горди на она што сме. Песната ја прославува женственоста и феминизмот, но се однесува и на мигрантите, ЛГБТ заедницата, се однесува на секој кој се бори за еднаквост. Ова е песна за сите оние кои биле симнати долу затоа биле она што се".

Евровизија[уреди | уреди извор]

Тамара во изведба на "Proud" за време на пробата за второто полуфинале

На 28 јануари 2019, беше одржана специјалната ждрепка која одредува која држава во кое полуфинале ќе настапува, а исто така и во која половина ќе настапува. Македонија го доби второто полуфинале и да настапува во втората половина на истото. Подоцна, Тамара Тодевска беше одлучено да настапува под реден број 17, пред последна во тоа полуфинале. Македонија беше прва објавена дека преминува во големото финале, пласирајќи се втора со 239 бода во полуфиналето, веднаш позади Холандија.

Во финалето, Тамара настапи осма по ред. После гласањето, таа всушност заврши на 8. место со 295 бода и второ место од жири гласаето и 12то место од гласовите на публиката. Но, на 22 мај 2019, од страна на EBU беше објавено дека за време на емитувањето во живо на финалето одржано на 18 мај 2019 не биле објавени точните гласови од Белоруското жири. Односно, на место да бидат објавени најдобрите 10 според Белоруското жири, биле објавени нивните најлошо 10 рангирани држави. Ова значеше дека Македонија, вусшност, е победник на жири- гласањето и заврши на 7. место (едно место повисоко) со 305 бода. Ова беше првиот Топ 10 пласман на Македонија од нејзиното прво појавување во 1998 година и најдобар резултат некогаш постигнат.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Granger, Anthony (8 February 2019). „FYR Macedonia: Tamara Todevska to Sing 'Proud' at Eurovision“. Eurovoix.