Ангел си ти
| Тоше Проески на Евровизија 2004 | |
| Евровизија 2004 | |
| земја | Македонија |
| изведувач | Тоше Проески |
| јазик | македонски |
| јазици | англиски |
| композитор | Јован Јованов |
| текст | Илија Николовски |
| пласман | |
| позиција во полуфинале | 10 |
| бодови во полуфинале | 71 |
| финален пласман | 14 |
| бодови во финале | 47 |
| хронологија на учество | |
| ◄ Од нас зависи (2002) | |
| Ти си сон (2005) ► | |
Ангел си ти (англиски: Life) — македонска песна претставничка на Евровизија 2004[1][2] во Истанбул, Турција, изведена на англиски јазик (за првпат воопшто не бил употребен македонскиот јазик на настап на Евровизија) од Тоше Проески. На домашниот избор песната била изведена на македонски јазик, исто како и сите песни што Проески ги извел таа вечер.
Опис
[уреди | уреди извор]Песната е лирска и во англиската верзија Проески пее за потребата што подобро да се искористи животот ("Животот е книга, а ти мора да ја прочиташ / Животот е приказна и мора да ти ја раскажам") и на крајот завршува тажно заради крајот на врската ("Талкам по моите стари емоции / откривам нови чувства на тага ").
Македонската верзија е посветена на љубената девојка која е убава како ангел, испреплетувајќи ги сеќавањата за почетоците на врската со неа и сегашните чувства, кои воопшто не се променети.
Настап на Евровизија 2004
[уреди | уреди извор]Песната останала запаметена по својата необична изведба, која започнала со привид дека Проески е сам на сцената. Со побрзите тактови на музиката рацете на неговите придружни танчери го фаќаат и го влечат во различни насоки. Со тоа се симболизирале конфузијата и немирот. Рацете на танчерите имаат исти ракави како мантилот на Проески, така што тие изгледаат како да излегуваат од зад него и ја симболизираат тагата.
Бидејќи Македонија не настапила на Евровизија 2003, за да се квалификува за финалната вечер, “Ангел си ти“ била изведена во полуфиналето. Проески настапил 15-ти по ред, а на крајот, со 71 бод, се пласирал на 10 место во силната конкуренција од 22 натпреварувачи, со што Македонија се квалификувала за финалето.
Во финалето песната повторно била изведена петнаесеттата по ред и со освоени 47 бода се пласирала на 14 место од вкупно 24 песни, со што Македонија стекнала право за учество во полуфиналето на Евровизија наредната година.
Текст на песната
[уреди | уреди извор]|
Од утро до мрак во мисливе Посакав в миг да те имам (2х) Патот по кој сега чекорам А љубовта обична (5х) |
I saw my ID and it wasn't me Roaming through my old emotions Walking around with some thoughts on my mind I know that I've gotta try Life is a book and you gotta read it |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Participating member Архивирано на 18 јуни 2012 г. of EBU
- ↑ Eurovision.tv: F.Y.R of Macedonia competition statistics
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||