Македонија на Евровизија 2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Евровизија 2012
Држава Македонија
Национален избор
Изборен процесИнтерен избор
Дата на изборИзведувач: 19 ноември 2011
Песна: 29 февруари 2012
Избран учесникКалиопи
Избрана песна"Црно и бело"
Избран текстописец
  • Калиопи
  • Ромео Грил
Изведба во финале
Полуфинален резултатсе квалификуваше (9та, 53 бодови)
Финален резултат13та, 71 бодови
Македонија на Евровизија
◄2011 2012 2013►

Македонија учествуваше на Евровизија 2012 во Баку, Азербејџан. Македонскиот претставник беше избран преку интерна селекција, организирана од МРТ. Калиопи ја претставуваше Македонија со песната Црно и Бело, која се квалификуваше од второто полуфинале во финалето и се пласираше на 13-то место со 71 бод.[1] [2]

Пред Евровизија[уреди | уреди извор]

Внатрешен избор[уреди | уреди извор]

На 19 ноември 2011, МРТ објавиле дека внатрешно ја избрале Калиопи да ја претставува Македонија во Баку.[3] Калиопи претходно била предложен македонски претставник со песната „Само ти“ во 1996; сепак, таа била елиминирана во аудио-претквалификацискиот круг. Калиопи претходно во неколку наврати се обидела да учествува на Евровизија. Нејзиниот прв обид бил во Југославија во 1987 кога се натпреварувала во југословенското национално финале со песната „Емануел“, која се пласирала на десеттото место. Пејачката низ годините се натпреварувала и во неколку македонски национални финални избори: во 1998 со песната „Не заборавај“ која се нашла на деветтото место, во 2006 со песната „Силна“ која се пласирала на шестото, а во 2009 со песната „Рум дум дум“ која ја извела во дует со Наум Петрески и се пласирала на второто место.

На 16 февруари 2012, било објавено дека Калиопи ќе ја изведе песната „Црно и бело“, напишана од Калиопи и Ромео Грил, на Изборот за песна на Евровизија 2012.[4] „Црно и бело“ била претставена пред јавноста во специјална емисија водена од Димитар Атанасовски, која се одржала на 29 февруари 2012 во студиото на МРТ во Скопје и била емитувана на МРТ 1, МРТ Сат и онлајн преку официјалната веб-страница на Евровизија. eurovision.tv. „Црно и бело“ била снимена и на англиски јазик, со наслов „Black & White“. Покрај претставувањето на влезот на Калиопи за Евровизија во 2012 година, шоуто имало изведби на песни од нејзиниот репертоар.[2]

На Евровизија[уреди | уреди извор]

Македонија се натпреварувала во првата половина од второто полуфинале (втора по ред), на 24 мај 2012, следејќи ја Србија и пред Холандија . Калиопи освоила 53 поени и се пласирала на 9-то место, со што се пласирала во финалето на 26 мај.[5] Јавното гласање на Македонија и го додели осмото место со 63 поени, а жирито 9то место со 58 поени.[6]

Во финалето, Македонија била извлечена да настапи на 22. место, по Малта и пред Ирска. Македонскиот влез освои вкупно 71 поен и се пласирал на 13-тото место во финалето.[7] Јавното гласање на Македонија и го додели 11-то место со 79 поени, а жирито 17-то место со 69 поени.[6]

Гласање[уреди | уреди извор]

Доделени бодови за Македонија[уреди | уреди извор]

Бодови доделени на Македонија (Второ полуфинале)[8]
Бодови Земја
12 бодови
10 бодови
8 бодови
7 бодови
6 бодови Словенија Словенија
5 бодови Украина Украина
4 бодови
3 бодови
2 бодови Белорусија Белорусија
1 бод

Бодови доделени на Македонија (Финале)[9]
Бодови Земја
12 бодови
10 бодови
8 бодови
7 бодови
6 бодови Словенија Словенија
5 бодови
4 бодови
3 бодови Украина Украина
2 бодови
1 бод

Доделени бодови од Македонија[уреди | уреди извор]

Бодови доделени од Македонија (Второ полуфинале)[8]
Бодови Земја
12 бодови Србија Србија
10 бодови Турција Турција
8 бодови Шведска Шведска
7 бодови Хрватска Хрватска
6 бодови Бугарија Бугарија
5 бодови Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина
4 бодови Словенија Словенија
3 бодови Украина Украина
2 бодови Малта Малта
1 бод Белорусија Белорусија

Бодови доделени од Македонија (Финале)[9]
Бодови Земја
12 бодови Албанија Албанија
10 бодови Србија Србија
8 бодови Турција Турција
7 бодови Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина
6 бодови Шведска Шведска
5 бодови Италија Италија
4 бодови Русија Русија
3 бодови Украина Украина
2 бодови Азербејџан Азербејџан
1 бод Малта Малта

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Eurovision Song Contest 2012 Grand Final“. Eurovision.tv. Архивирано од изворникот на 2013-03-29.
  2. 2,0 2,1 Webb, Glen (29 February 2012). „FYR Macedonia,Kaliopi presents Crno E Belo“. Eurovision.tv. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „kaliopi“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  3. Busa, Alexandru (19 November 2011). „Kaliopi to represent Macedonia“. Esctoday.com. Посетено на 19 November 2011.
  4. Webb, Glen (16 January 2012). „It's Black & White for FYR Macedonia“. Eurovision.tv.
  5. „Second Semi-Final of Baku 2012“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот на 1 May 2021. Посетено на 1 May 2021.
  6. 6,0 6,1 Siim, Jarmo (18 June 2012). „Eurovision 2012 split jury-televote results revealed“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот на 21 June 2012. Посетено на 1 May 2021. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „splitresults“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  7. „Grand Final of Baku 2012“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот на 1 May 2021. Посетено на 1 May 2021.
  8. 8,0 8,1 „Results of the Second Semi-Final of Baku 2012“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 2 May 2021. Посетено на 2 May 2021.
  9. 9,0 9,1 „Results of the Grand Final of Baku 2012“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 2 May 2021. Посетено на 2 May 2021.