Нинанајна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонија Нинанајна
Elena risteska eurovision 2006.jpg
Елена Ристеска на Евровизија 2006
Евровизија 2006
земјаМакедонија
изведувачЕлена Ристеска
јазикмакедонски
јазицианглиски
композиторДарко Димитров
текстРаде Врчаковски
пласман
позиција во полуфинале10
поени во полуфинале76
финален пласман12
поени во финале56
хронологија на учество
◄ Ти си сон (2005)   
Мојот свет (2007) ►

Нинанајна била македонска песна претставничка на Евровизија 2006 во Атина, Грција, изведена на македонски и на англиски јазик[1] од Елена Ристеска, а биле снимени и двете јазични верзии. Композитор и продуцент на песната е Дарко Димитров, а стиховите ги напишал Раде Врчаковски. Текстот за англиската верзија е на Лерој Чемберс.

Опис[уреди | уреди извор]

Песната е инспирирана од урбаниот живот, иако текстот на македонски и на англиски има сосема различни значења. Во македонската верзија, Ристеска му кажува на својот љубен дека таа не ги сака љубителите на турбофолк како него. Тој ѝ пеел "Нинанајна" заменувајќи го Еминем со фолк-телевизискиот канал "Планета" и не дозволувајќи ѝ да ги слуша Шакира и Мадона, што е причина тој повеќе да не е вистинскиот човек за неа.

Од друга страна, пак, во верзијата на англиски јазик Ристеска му кажува на својот љубен дека таа ќе стори сè што сака тој ("I'll open up your fantasies and make your dreams come true" - "Ќе ги разбудам твоите фантазии и ќе ги остварам твоите соништа"), но дека "Ако сакаш нинанајна со мене, ќе ти кажам што да правиш" ("If you wanna ninana with me, I'll tell you what to do"). И овде се споменува Шакира, иако во оваа верзија Ристеска ветува дека "можам да направам Бијонсе и Шакира да танцуваат за тебе" ("I can make Beyoncé and Shakira dance for you").

Настап на Евровизија 2006[уреди | уреди извор]

На настапот Ристеска била облечена во црвена кошула со мониста и пар кратки пантолони. Имало и три танчери облечени во секојдневна облека, заедно со две пејачки како придружни вокали кои остануваат зад неа и се приклучуваат при танцувањето на одредени точки. Придружни вокали биле Александра Пилева и Маја Саздановска.

Бидејќи Македонија на Евровизија 2005 година не се пласирала меѓу првите десет, “Нинанајна“ била изведена во полуфиналето. Била единаесетта по ред и добила 76 поени, пласирајќи се на 10 место во конкуренција од 23 песни, со што Македонија трета година по ред се квалификувала во финалето.

Во финалето, песната повторно била изведена единаесетта и добила 56 поени, освојувајќи го 12 место, во конкуренција на 24 песни, што значело враќање на Македонија во полуфиналето за следната година. Дванаесеттото место било најдобриот пласман за земјата на Евровизија до 2019 година, кога Тамара Тодевска го освоила осмото место.

Текст на песната[уреди | уреди извор]

македонски

Come,don't be afraid tonight,
ye you Lenny girl,
you gotta feel it on,
hah,stay here,
don't be afraid,
don't go,
I will stay on this dance floor,
all night long,and on,
until the song,and on.

Те запознав ко фраер,
луд по хип-хоп, ар-ен-би,
Што е добра музика,
ти ме научи.

Што се случи, кој те смени,
Стварно не те разбирам,
Главен турбо фолкер стана ти,
а јас полудувам.

Реф:
Пеј си ти нананинананајна,
Запеј ми нананинананајна,
Жив доказ тоа е,
Ти не си за мене.

Пеј си ти нананинананајна,
Запеј ми нананинананајна,
Оди не враќај се,
Ти веќе не си за мене.

Еминем го замени,
Со планет фолкери,
Шакира и Мадона,
Мене ми ѓи забрани.

Што се случи, кој те смени,
Стварно не те разбирам,
Главен турбо фолкер стана ти,
а јас полудувам.

Реф:
Пеј си ти нананинананајна,
Запеј ми нананинананајна,
Жив доказ тоа е,
Ти не си за мене.

Пеј си ти нананинананајна,
Запеј ми нананинананајна,
Оди не враќај се,
Ти веќе не си за мене.

Come,don't be afraid now,
ye you Lenny girl,
you gotta feel it on.

Кај се сега тие денови,
Кога јас и ти, бевме најсреќни,
Можеш пола град да запалиш,
Но не ме враќаш ти, ти ме изгуби.

англиски

Come on boy
don’t be afraid boy
I’m gonna give it to you.

Tell me what-ya want babe
tell me what-ya need
tell me what-ya wishing for
I’ll make you feel so sweet.
I'll open up your fantasies
I'll make your dreams come true
But if you wanna ninanaj with me
I’ll tell you what to do.

Chorus:
Dance with me nananinananajna
Sing with me nananinananajna
I wanna be with you
l wanna give it to you.
Dance with me nananinananajna
Sing with me nananinananajna
I wanna be with you
l wanna give my love to you.

I can make your wishes and your wildest dreams come true
l can make Beyonce and
Shakira dance for you.
I'm dangerously in love with you
I’m dying for your kiss
But if you wanna ninanaj with me
I’m gonna give it to you.

Chorus:
Dance with me nananinananajna
Sing with me nananinananajna
I wanna be with you
l wanna give it to you.
Dance with me nananinananajna
Sing with me nananinananajna
I wanna be with you
l wanna give my love to you.

C-Part:
You found a way to touch my heart and soul
you've opened up my mind
I'll never let you go.

You’re like another part of me
with out you I can't live
my life is incomplete.

Chorus in Macedonian:
Sing ninanajna
Sing for me ninanajna
dance with me
I will give you everything.
Sing ninanajna
Sing for me ninanajna
dance with me
and I will be with you

Наводи[уреди | уреди извор]