You (Васил Гарванлиев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

You“ - песна снимена од македонскиот пејач Васил Гарванлиев. Песната е напишана и продуцирана од Невена Нешкоска заедно со Алис Шредер и Калина Нешкоска. Дополнителна продукција обезбедиле Хавиер Лорет де Мулер, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Песната требаше да ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија во 2020 година во Ротердам, Холандија, откако беше интерно избрана од националниот радиодифузер МРТ.[1][2] Сепак, натпреварот подоцна беше откажан поради пандемијата COVID-19.[3]

Позадина[уреди | уреди извор]

Композиција[уреди | уреди извор]

Во траење од три минути, песната на англиски јазик „You“ е компонирана од македонската композиторка Невена Нешкоска, и напишана од неа заедно со Алис Шредер и Калина Нешкоска. Заедно со Невена Нешкоска и Хавиер Лорет де Мулер, македонските продуценти Дарко Димитров и Лазар Цветкоски исто така беа на чело на процесот на продуцирање на песната.[4]

Промоција[уреди | уреди извор]

Придружното музичко видео за „You“ беше официјално прикажано на YouTube каналот на Изборот за песна на Евровизија на 8 март 2020.[5] Живописното видео е во режија на Милена Витман, а продуцирано од Јелмаз Дервиши, додека самостојно е монтирано и снимено од Ѓорги Вацев.[6] Визуелно, неговата порака е „покана за сите да се поврзат, да се отворат, да танцуваат и да го прослават моментот“.[6]

На Евровизија[уреди | уреди извор]

Изборот за песна на Евровизија 2020 година требало да се одржи во Ротердам, Холандија, состоејќи се од две полуфиналиња на 12 мај и 14 мај 2020 и големото финале на 16 мај 2020.[7] Секоја земја учесничка, освен земјата домаќин и Големата петорка, требало да се квалификува во едно од двете полуфиналиња за да се натпреварува за големото финале.[8] На 28 јануари 2020 се одржала специјална ждрепка со која секоја земја се пласирала во едно од двете полуфиналиња, како и во која половина од шоуто ќе настапи. Македонија била извлечена за првото полуфинале, планирано за 12 мај 2020, а требало да настапи во првата половина од шоуто.[9] Во март 2020, Европскиот радиодифузен сојуз го откажал натпреварот поради пандемијата на COVID-19.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Eurovision 2020: North Macedonia's Vasil will sing "YOU" in Rotterdam“. wiwibloggs.com (англиски). Wiwibloggs. 14 February 2020. Посетено на 14 February 2020.
  2. „North Macedonia sends Vasil to Rotterdam“. eurovision.tv (англиски). European Broadcasting Union. 15 January 2020. Посетено на 14 February 2020.
  3. 3,0 3,1 „Eurovision 2020 in Rotterdam is cancelled“. eurovision.tv (англиски). European Broadcasting Union. 18 March 2020. Посетено на 21 March 2020. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „cancellation“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. „Rotterdam 2020–Participants: Vasil“. eurovision.tv (англиски). European Broadcasting Union. Посетено на 15 March 2020.
  5. „Vasil - YOU - North Macedonia 🇲🇰 - Official Music Video - Eurovision 2020“. eurovision.tv (англиски). European Broadcasting Union. 8 March 2020. Посетено на 15 March 2020.
  6. 6,0 6,1 „North Macedonia's Vasil released 'YOU'. eurovision.tv (англиски). European Broadcasting Union. 8 March 2020. Посетено на 15 March 2020.
  7. „Rotterdam 2020“. eurovision.tv (англиски). European Broadcasting Union. Посетено на 16 March 2020.
  8. „Rules“. eurovision.tv (англиски). European Broadcasting Union. Посетено на 16 March 2020.
  9. „Semi-Final Allocation Draw pots for Eurovision 2020 revealed!“. eurovision.tv (англиски). European Broadcasting Union. 25 January 2020. Посетено на 16 March 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]