Таму кај што припаѓам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонија Таму кај што припаѓам
Тијана на евровизискиот настап 2014 г.
Евровизија 2014
земјаМакедонија
изведувачТијана Дапчевиќ
јазикмакедонски
јазицианглиски
композиторЛазар Цветкоски, Дарко Димитров
текстЕлена Ристески, Дарко Димитров
пласман
позиција во полуфинале13
поени во полуфинале33
хронологија на учество
◄ Пред да се раздени (2013)   


Таму кај што припаѓам (англиски: To the Sky) е песна што ја исполнува македонско-српската пејачка Тијана Дапчевиќ. Композитори на песната се Дарко Димитров и Лазар Цветковски, а текстот го напишаа Елена Ристеска Ивановска и Дарко Димитров. Таа ја претставуваше Република Македонија на Евровизискиот натпревар 2014 во Данска. Песната беше претставена на 22 февруари 2014 година, а беше ставена на располагање за дигитално преземање следниот ден преку iTunes Store.

Тијана - лично претставување, 2014 г.


Опис[уреди | уреди извор]

Песната што првично требало да ја претставува земјата се викала "Победа" и била на македонски јазик. Сепак, на 22 февруари 2014 година, песната беше изведена на програмата на Македонската радиотелевизија[1] и на англиски и на македонски јазик, под називите "To the Sky" и "Таму кај што припаѓам".


Полуфинале[уреди | уреди извор]

Во полуфиналниот настап песната освои 33 поени, од кои 12 даде жири комисијата на Словенија, 10 Швајцарија, 3 поени даде Малта, по два поени доделија Грузија, Израел и Италија, а по 1 поен Белорусија и Финска.


Текст на песната[уреди | уреди извор]

македонски

Ти беше сонце што ме смирува
Нежен ветер што ме милува
Виножито што ме насмевнува
Леден дожд што ме смирува

Води ме таму кај спомените
Само таму води ме,
Сакам таму кај што почна сѐ

Врати ме назад во времето
Таму ме носи срцето
Врати ме назад да живеам таму кај што припаѓам

Сонцето веќе не ме смирува
Душата ништо не ја радува
Само минатото ме лекува
Кога јас во тебе силно верувам

Води ме таму кај спомените
Само таму води ме,
Сакам таму кај што почна сѐ

Врати ме назад во времето
Таму ме носи срцето
Врати ме назад да живеам таму кај што припаѓам

Јас сега кревам раце кон месечината
Барам надеж, барам сон, барам светлина
И во сѐ јас барам, барам, барам, барам љубов
Барам љубов за нас

Води ме, сакам таму, води ме
Кај што почна сѐ

Врати ме назад во времето
Таму ме носи срцето
Врати ме назад во времето
Таму ме носи срцето
Врати ме назад да живеам таму кај што припаѓам.

Наводи[уреди | уреди извор]