XXL

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
XXL
Биографски податоци
ЖанровиПоп
Период на активност2000-2001

XXL — македонска женска поп група од Скопје која ја претставувала Македонија на Евровизија 2000 со песната „100% те љубам“ во Стокхолм, Шведска. Била снимена и англиска верзија на песната, со наслов "I love you 100%". Авторот Џон Кенеди О'Конор изјавил дека девојките претерувале со настапот и кореографијата, притоа занемарувајќи ги вокалните способности, што придонело за лошиот резултат.

Членки на групата биле Марија Николова, Ивона Џамтовска, Росица Николовска и Верица Каранфиловска, која набрзо по настапот на Евровизија 2000 ја напуштила групата.

Наводи[уреди | уреди извор]