Прејди на содржината

Скопје фест

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Скопски фестивал)
Скопски фестивал
(Скопје Фест)
Почнува1968
Зачестеностгодишно
ЛокацијаУниверзална сала (првично), Скопје, Македонија
Првпат26 јуни 1968
Жанрзабавна музика
ОрганизаторРТВ Скопје / МРТ

Скопје фест (понекогаш и: Скопски фестивал) — музички фестивал во Скопје, основан во 1968 година во организација на Радио-телевизија Скопје (денес МРТ). Првото издание било одржано под името „Скопје 68“ во Универзална сала во Скопје[1] и продолжил до 1980. Во ова кратко време, фестивалот станал еден од најголемите музички настани во Југославија. Скопје фест било местото каде познати македонски пејачи како Славе Димитров, Зафир Хаџиманов, Нина Спирова, настапувале заедно со југословенски изведувачи. Публиката уживала во повеќе од 50 песни.

Откако Македонија се осамостоила од Југославија, Скопје фест оживеал во 1994, и ја презел титулата за прв музички фестивал на Македонија од Макфест. Фестивалот вклучува некои од најдобрите македонски изведувачи, пеејќи изворни песни испратени до МРТ, обично придружувани од оркестарот на МРТ (освен некои од последните изданија). Во одделни периоди, фестивалот бил користен и како национален избор за Песна на Евровизија.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Прво издание: „Скопје 68“ (1968)

[уреди | уреди извор]

Првиот фестивал на македонската забавна музика бил одржан на 26 јуни 1968 година во Универзалната сала во Скопје. Биле изведени 12 композиции од домашни композитори, а песните биле изведени од страна на 15 пејачи (дел од нив во алтернации/дуети). Настанот бил пренесуван и на Телевизија Скопје.[1]

Во програмата, покрај солистите, настапиле и составите „Безимени“ и Бис-Без, како и вокалниот квартет „Ехо“.[1] За дел од композициите се достапни снимки на интернет (види „Надворешни врски“).

Програма (1968)

[уреди | уреди извор]
Песна Изведба (наведени алтернации/дуети) Композитор
„Без повраток“ Тихомир Петровиќ (алтернација: Зоран Милосављевиќ) Драган Ѓаконовски - Шпато
„Месечево ноктурно“ Елда Вилер (алтернација: Тихомир Петровиќ) Љубомир Бранѓолица
„Јужна ѕвезда“ Крста Петровиќ (алтернација: Зоран Георгиев) Александар Џамбазов
„Срамежливи“ Виолета Томовска — Диме Поповски (алтернација: Љупка Димитровска - Зафир Хаџиманов) Александар Џамбазов
„На тој ден“ Сека Којадиновиќ (алтернација: Славе Димитров) Славе Димитров
„Мелодија за нас“ Елда Вилер (алтернација: Зоран Милосављевиќ) Христо Крстевски
„Шеговита песна“ Ирена Кохонт — Жарко Данчуо (алтернација: Виолета Томовска — Зафир Хаџиманов) Љубомир Бранѓолица
„Земи го овој цвет“ Сека Којадиновиќ — Златко Голубовиќ (алтернација: Диме Поповски) Трајче Органџиев
„Планино моја рудино“ Виолета Томовска (алтернација: Диме Поповски) Јане Коџабашија
„Битници, хипици“ Љупка Димитровска (алтернација: Златко Голубовиќ) Димитар Масевски
„Твоите очи“ Зоран Милосављевиќ (алтернација: Жарко Данчуо) Петар Пешев
„Неповратни дни“ Зафир Хаџиманов (алтернација: Лиљана Петровиќ) Драган Ѓаконовски - Шпато

[1]

Награди (1968)

[уреди | уреди извор]

Награди на публиката (први три места):[3]

  • 1. награда: Александар Џамбазов — „Срамежливи“ (интерпретации: Виолета Томовска — Диме Поповски; Љупка Димитровска — Зафир Хаџиманов) — 3.000 динари
  • 2. награда: Јане Коџабашија — „Планино моја рудино“ (интерпретации: Виолета Томовска; Диме Поповски) — 2.000 динари
  • 3. награда: Трајче Органџиев — „Земи го овој цвет“ (интерпретации: Сека Којадиновиќ; Диме Поповски) — 1.000 динари

Награда на стручното жири: Љубомир Бранголица — „Месечево ноктурно“ (интерпретатори: Лиљана Петровиќ и Тихомир Петровиќ) — 3.000 динари.[4]

Награда за текст: Ѓоко Георгиев — текст за „Планино моја рудино“ (композитор: Јане Коџабашија) — 100.000 стари динари.[5]

Дополнителни признанија (1968):[6]

  • Најведра мелодија“: „Срамежливи“ (Александар Џамбазов) — 1.000 динари
  • Најдобар пеач“ (неофицијално новинарско жири): Тихомир Петровиќ (за изведбата на „Месечево ноктурно“)

Во медиумските извештаи е забележан и случај со најавениот учесник Златко Голубовиќ, кој по телеграма испратена на денот на почетокот на фестивалот не настапил, по што една од песните била изведена во изменета форма (без алтернација).[7]

Второ издание: „Скопје 69“ (1969)

[уреди | уреди извор]

Вториот фестивал на забавни мелодии „Скопје 69“ се одржал на 15 ноември 1969 година во Универзалната сала во Скопје. Фестивалот бил организиран како дел од прославата на 25-годишнината на Радио Телевизија Скопје.[8]

На фестивалот биле изведени 12 композиции во два аранжмана. Изведувачите ги придружувал Фестивалскиот оркестар под диригентство на Александар Џамбазов и Драган Ѓаконовски — Шпато. Водители на манифестацијата биле Бранка Станковска и Ацо Ацев.

Покрај солистите, настапиле и групите „Безимени“, „Бис-Без“, „Македонски секстет“, ансамблот „Чичак“, „Београд диск“ и квартетот „Адмира“.[9]

Програма (1969)

[уреди | уреди извор]
Песна Изведба (алтернации/дуети) Композитор
„Некогаш и ти ќе бидеш сам“ Лидија Кодрич (алт: Ансамбл „Чичак“) Мирко Шоуц
„О, езеро мое“ Нина Спирова (алт: Ирена Кохонт) Љубомир Бранѓолица
„Крај на нашата љубов“ Славе Димитров (алт: Зоран Милосављевиќ) Славе Димитров
„Ирена“ Григор Копров (алт: Тихомир Петровиќ) Љубомир Бранѓолица
„Дај ми збор“ Диме Поповски (алт: Ансамбл „Београд диск“) Славе Димитров
„Како Струга нема друга“ Квартет „4М“ (алт: „Македонски секстет“) Александар Џамбазов
„Македонски кавал“ Христо Крстевски (алт: Виолета Томовска) Христо Крстевски
„Даниела“ Љупка Димитровска (алт: ВИС „Бис-Без“) Драган Ѓаконовски — Шпато
„Гласот на срцето“ Лада Кос (алт: Ладо Лесковар) Трајче Органџиев
„Соул Македонијо“ Миро Унгар (алт: ВИС „Безимени“ со Армен Сурмејан) Љубомир Бранѓолица
„Билјана“ Лео Мартин (алт: Ѓани Маршан) Александар Џамбазов
„Довидување“ Јосипа Лисац (алт: Елда Вилер) Александар Џамбазов

(Извор: Официјална програма и прес-клипинг од фестивалот)[8]

Награди (1969)

[уреди | уреди извор]
Награди на публиката
[уреди | уреди извор]
  1. Љубомир Бранѓолица — „Соул Македонијо“ (интерпретација: Миро Унгар и ВИС „Безимени“)
  2. Александар Џамбазов — „Билјана“ (интерпретација: Лео Мартин и Ѓани Маршан)
  3. Славе Димитров — „Крај на нашата љубов“ (интерпретација: Славе Димитров и Зоран Милосављевиќ)
Награди на стручното жири (Жири комисија во состав: Томислав Зографски, Бранко Глигоров, Ладислав Палфи, Влада Урошевиќ и Димитар Масевски)
[уреди | уреди извор]
  • Прва награда: Љубомир Бранѓолица — „Езеро мое“ (интерпретација: Нина Спирова и Ирена Кохонт)
  • Втора награда: Александар Џамбазов — „Довидување“ (интерпретација: Јосипа Лисац и Елда Вилер)
  • Трета награда: Делена помеѓу Славе Димитров („Крај на нашата љубов“) и Љубомир Бранѓолица („Соул Македонијо“)
Други признанија
[уреди | уреди извор]
  • Награда на Друштвото на композиторите на Македонија: Љубомир Бранѓолица (за „Езеро мое“).
  • Награда за најдобар текст: Ѓоко Георгиев.
  • Специјална награда од ревијата „Журнал“ (уметничка слика): Љубомир Бранѓолица.
Хуманитарен гест
[уреди | уреди извор]

Победниците Љубомир Бранѓолица и Александар Џамбазов своите парични награди ги донирале за настраданите од земјотресот во Бања Лука (октомври 1969).[10]

Победници

[уреди | уреди извор]
Година Песна Изведувач(и)
1968 „Срамежливи“ Виолета Томовска — Диме Поповски

Љупка Димитровска — Зафир Хаџиманов[11]

1969 „Соул Македонија“ Безимени
1971 „Само ти“ Зоран Милосављевиќ

Мики Јевремовиќ

1972 „Камен“

„Слушни ги тишините“

Тихомир Петровиќ

Слободанка Петкова

1973 „Љубовта е игра“ Зафир Хаџиманов
1974 „Секоја љубов една летна ноќ“ Алка Вуица
1978 „Градот“ Љубиша Стојановиќ
1994 „Без тебе“ Тоше Поп Симонов
1995 „Засекогаш“ Ластовица
1996 „Магија“ Игор Џамбазов
1997 „Викенд љубов“ Дарио & Миг 21
1998 „Не зори, зоро“ Владо Јаневски
1999 „Сонце за три светови“ Маја
2000 „100% те сакам“ XXI век
2001 „Ја сакам Македонка“ Дарио
2002 „Некаде далеку“ Каролина
2007 „Мојот свет“ Каролина
2008 „Нанана“ Тамара Тодевска
2009 „Нешто што ќе остане“ Нокаут
2010 „Јас имам сила“ Ѓоко Танески
2011 „Русинка“ Влатко Илиевски
2013 „Пред да се раздени“ Есма Реџепова и Влатко Лозаноски
2014 „To the sky“ Тијана Дапчевиќ
2015 „Proud“ Јана Бурческа
2016 „Dona“ Калиопи
2017 „Dance Alone“ Јана Бурческа
2018 „Lost and Found“ Ај Кју
2019 „Proud“ Тамара Тодевска
2021 „Here I Stand“ Васил Гарванлиев

Евровизија

[уреди | уреди извор]

Во повеќе изданија, фестивалот бил користен и како национален избор за претставникот на Македонија на Евровизија 1998. На пример, во рамките на „Скопје фест 1998“ победил Владо Јаневски со песната „Не зори, зоро“.[12]

  1. 1 2 3 4 „15 пеачи за 12 композиции“. Музичка разгледница (13). 12 јуни 1968.
  2. „Vlado Janevski — „Ne zori, zoro" (North Macedonia 1998)“. Eurovision.tv (англиски). Посетено на 22 јануари 2026.
  3. „Победници на „Скопје 68"“. (непознат дневен печат). јуни 1968.
  4. „Награда на стручното жири“. (непознат дневен печат). јуни 1968.
  5. „Награда за текст“. (непознат дневен печат). јуни 1968.
  6. „Најведра мелодија / Најдобар пеач“. (непознат дневен печат). јуни 1968.
  7. „Неодговорен однос на Златко Голубовиќ“. (непознат дневен печат). јуни 1968.
  8. 1 2 Почнува фестивалот „СКОПЈЕ 69“ (непознат дневен печат). ноември1969.
  9. Скопје 1969 (непознат дневен печат) ноември1969.
  10. Најмногу награди за Љубомир Бранѓолица (непознат дневен печат) ноември 1969
  11. „Победници на „Скопје 68"“. (непознат дневен печат). јуни 1968.
  12. „Пред 22 години: Владо Јаневски влезе во историјата како прв претставник на Македонија за Евровизија“. Женски Магазин (англиски). Посетено на 2020-05-24.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]