Прејди на содржината

Драган Мијалковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драган Мијалковски
Животописни податоци
Роден(а)24 април 1950(1950-04-24)(74 г.)
Занимањапејач
Период на активност1964-денес

Драган Мијалковски (Бјеловар, 24 април 1950[1]) — македонски поп-пејач.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е во Бјеловар, Хрватска,[1] но живеел во Македонија уште од детството. Бил популарен во 1970-тите и 1980-тите. Со леснотија пеел поп и нова македонска народна музика. По завршувањето на Техничкото училиште во родното Скопје и неуспешен обид да студира на Високата техничка школа во Битола, во 1969 година, на аудиција Бараме млади таленти, си ја пробал среќата и следниот ден ја направил првата снимка во радио станицата. Тогаш почнале вистинските снимања и подготовки на нови музички материјали. Набрзо, на деветнаесет години, се оженил со сопругата Ели и добил две деца.[2]

Соработувал со врвните композитори: Војкан Борисављевиќ, Никица Калоѓера, Славе Димитров, Александар Ацо Кораќ, Зденко Руњиќ... Учесник е на многу фестивали, а најголеми хитови биле: Иди, душо моја, Наша последња ноћ, У малом граду крај Дунава . . .

Фестивали

[уреди | уреди извор]

Белградска пролет:

  • Тај живот наш, ’73
  • Иди, душо моја, ’74, второ место (делба на второто место со Бисера Велетанлиќ)
  • Збогом драга, збогом, ’75
  • Дај ми руке, ’76
  • Мама, мама, ’78
  • Опрости Соња, ’83
  • Иди, душо моја / Песникова гитара, (Ретроспективна вечер на најголемите хитови од фестивалот Белградка пролет), ’88

Опатија:

  • Ја сум твој пријател, ’70
  • Кога си сама, ’73
  • Хронично сам заљубљен у тебе, ’79
  • Перонот 3, ’82

Ваш шлагер сезоне, Сарајево:

  • Не одлази прије јутра, ’73
  • Опрости, љубави, ’74
  • Написао бих песму, ’79
  • Живот за тебе, ’80

Сплит:

  • Фортуна, ’79
  • Срце своје носим теби, ’82

Загреб:

  • Готово је, ја се женим, ’78

Омладина, Суботица:

  • Не ке ме познаваш, ’73

Скопје:

  • Не ми требаш повеќе, ’70
  • Дај ми молњи, ’71
  • Оди си, ’72, победничка песна (делба на првото место со Сенка Велетанлиќ)
  • Моја малечка гулабице, ’74, победничка песна
  • Кажи нешто драга, ’76, прва награда на публиката
  • Кажи ми, ’77
  • Фантазија, ’94
  • Неверна, ’95
  • Гитаро моја, ’99

Фестивал ЈНА:

  • На разделба, ’73
  • Земљо наша најскапа, ’75
  • Земјо се враќам, ’76
  • Срећан вам празник, војници, ’82
  • На татковината, ’84
  • Овде војник јас сум млад, ’86

Хит парада, Белград:

  • Наша последња ноћ, ’74
  • Успомена једног љета, ’76

Хит лета:

  • Чуваш ли још моја писма, ’77

Златниот Орфеј, Бугарија:

  • Кажи нешто, мила, второ место, ’77

Internationales Schlagerfestival, Dresden:

  • Wie die wolken wandern, ’77

Макфест, Штип:

  • Те љубам, ’87

Валандово:

  • Калино моме, ’85, втора награда на стручното жири
  • Дојранските рибари, ’86
  • Медена, ’87
  • Тамбуро моја, ’88
  • Дојди Лено на перниче бело, ’89, прва награда на публиката
  • Моме ѓаволче, ’90
  • Опа, опа, ’91
  • Љубљена, ’92
  • Илина, 2019, прва награда

Интерфест, Битола:

  • Лебеди, пловете, ’92
  • Повеќе љубов, ’94

Фестивал Серенада, Битола:

  • Не кажувај ми, 2000
  • Чекај ме мила моја, 2023
  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 945. ISBN 978-608-203-024-1.
  2. „Dragan Mijalkovski, u poseti popularnom makedonskom pevaču“. www.yugopapir.com (српски).

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]